Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Откупните цени на тутунот беа зголемени благодарение на тивкиот бојкот на откупот, а никако на грижата од власта, реагираат тутунарите 

Последното постигнато зголемување на откупните цени за ланскиот тутун, иако минимално, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последното постигнато зголемување на откупните цени за ланскиот тутун, иако минимално, во никој случај не е резултат на грижата на власта за оваа земјоделска гранка, како што се фали министерот Николовски. Напротив, тоа е резултат исклучиво на тивкиот бојкот на откупот и солидаризираноста на тутунопроизводителите, реагираат македонските тутунари по фалбите на ресорниот министер дека оваа Влада правела се’ за да имаме развојно и одржливо производство на тутун и дека тутунарите паметеле и знаеле кој ја цени и вреднува нивната мака.  

„Значи, целата заслуга за покачувањето на цената е благодарение на тутунопроизводителите со нивниот тивок бојкот, на никого друг. Сега ќе направам само една разлика. Годинава имавме најниско производство на грозје со само 7%, а лозарите добија иста цена од 14-16 денари, без никакво зголемување. Арно ама, тутунопроизводителите се за едно големо „браво“ и само тие успеаа да дојдат до ова поголемо покачување“, – вели Диме Димитријески, претседател на УО на Националната земјоделска мрежа.

   За тутунарите, невиден срамен апсурд се и споредбите кои министерот ги правел со откупните цени од 2016 година, бидејќи, како што велат, тогаш килограм сирење било 200 денари, а сега е 500 денари. „Во 2016-та – килограм тутун беа 10 леба; во 2024 – кг тутун, се 9 леба“, тогаш литар млеко беше 40 денари, а денес е 80“, реагираат тутунарите и револтирано прашуваат зошто не се прави иста ваква споредба и со платите на функциинерите.

Реклама

„За социјалната кошница не сакам ни да зборувам, таа е стигната до 60.000-70.000 денари. Ако може социјална кошница да важи за сите вработени во Македонија, па зошто не би важела и за самите земојделци?!“, – констатира Димитријески.

   За крајот од неделава, од Националната земјоделска мрежа најавуваат нов состанок во Радовиш. Тема на состанокот ќе бидат барањата кои ги имаат и за кои очекуваат дека ќе им бидат реализирани од новата власт. „Доколку сакаме да имаме развојно земјоделство и Македонија да биде што помалку увозно зависна за храна, тогаш новата Влада мора сериозно да се посвети на реализацијата на барањата на македонските земјоделци“, – дециден е Димитријески.

Каролина Дурло