Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

„Не им е лесно“- СДСМ во мат позиција: Коалиционите партнери на Ковачевски бегаат од бродот кој тоне

-Не им е лесно, не им е лесно, вели Героски за Ковачевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Не им е лесно, не им е лесно, вели Героски за Ковачевски и СДСМ.

СДСМ во мат позиција, сите бегаат од бродот кој тоне. Состојбата за Ковачевски е и повеќе од тешка, доказ за тоа e предизборното прелетување на дел од помалите коалициони партнери во таборот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, сметаат познавачите.

Реклама

Во старото јато се вратија Стојанче Ангелов, Павле Трајанов, Љубе Бошковски иако според неофицијални информации нема да добијат ниту едно место на пратеничките листи.

Новинарот Бранко Героски за Алфа вели дека ова е и повеќе од очекувано, бидејќи сите се свесни дека СДСМ заминува од власт, а на Илинденска доаѓа ВМРО-ДПМНЕ.

-Очекувам социјалдемократите да доживеат пораз и во такви околности природно е помалите политички партии, кои јас ги нарекувам сателити, кои орбитираат околу големите партии очекувајќи по некое добитно место во јавната администрација, понекогаш не знам некое директорско место, нормално е што тие го напуштаат бродот што тоне и бараат нова платформа да преживеат, изјави Героски.

Покрај проблемите со коалиционите партнери, СДСМ е во уште поголеми внатрепартиски проблеми со пратеничките листи, смета Героски. Причината е што високи места кои гарантираат влез во Собранието добија коалиционите партнери Моника Зајкова од ЛДП, која е коносител на Ковачевски во единица, но и Горан Мисовски од НСДП, на сметка на истакнати партиски функционери.

Ковачевски неофицијално добитните позиции ги дал од страв, бидејќи и тие двајца му се заканиле со напушутање на коалицијата. Сепак незадоволството е јасно кај партиските функцинери на СДСМ, па поради тоа и по четири дена од Конгресот, се уште не се објавени компетните пратенички листи.

-Видовме кај листите и од СДСМ дека тоа ги комплицира и внатре самиот СДСМ, бидејќи за мир во куќата и поддршка од помалите партии често се нудат добитни места на листата, а нема доволно и за релевантните партиски кадри. Кога јас би бил во улогата на лидер на една таква партија можеби би играл поинаку, можеби прво би ги зацврстил редовите на партијата, вели Героски.

Инаку коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот досега ја засили коалицијата со седум нови партнери- Социјалдемократската унија, Обединетата партија за целосна епанција на Ромите, Македонски Концепт, Демократски сојуз, Обединети за Македонија, ТМРО и Достоинство.

Матеја Петровски