Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Минималецот ќе порасне, но што со платите на вработените кои имаат колективен договор поврзан со минималната плата?

Дојде пролет ама не за сите. Минималната плата од април повисока за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дојде пролет ама не за сите. Минималната плата од април повисока за 2400 денари, но усогласувањето на платите вработените во јавниот сектор под ризик. Од Конфедерацијата на слободни синдикати алармираат дека власта повторно ги изиргала работниците кои се се посиромашни и не го почитува законот за минимална плата. Имено, законите со кои би се укинало усогласувањето на платите во јавниот сектор согласно растот на минималецот повторно се најдоа на собранискиот календар за идната недела. Работниците ги повикуваат пратениците , како што велат на здрав разум.

Денеска сме тука , на недела дена пред распуштање на Собранието да не прават никакви манипулации и пред се да бидам малку вулгарен и глупости и да го укинат она право линиеарното покачување на дел од платите од јавниот сектор и подоцна да се случи она усогласување, затоа што работникот е се посиромашен и ништо не значат оние 2300 денари, вели Ралповски.

На Економско социјалниот совет каде се дискутираше за раст на минималецот на маса бил ставен и предлог Владата да ги повлече законите од Собрание, и препорака да се направи усогласување  на платите во јавниот сектор во рок од 6 месеци. Поддршка за ова дошла само од техничкиот министер за труд и соцјална политика Ѓоко Велковски,  но замениците министри за економија и финансии како и вицепремиерот Фатмир Битиќи не го слушнале гласот на работниците.

Реклама

Законите не поминаа во ЕСС и предлагачот на Законот веќе не е дел во Владата и ако продолжат да туркаат таков закон со нелигитемен предлагач ќе направат уште едно кривично дело. Бараме да се почитува работникот, бараме да се почитува социјалниот дијалог затоа што во време и невреме треба пред се да го почитуваат работникот но и да не почитуваат како луше, а не на таков дрзок начин да отрлаат се што е во согласност со законите, вели Ралповски.

Доколку поминат законите, тоа ќе значи дека во одредени сектори ќе има вработени кои ќе земаат плата под законски утврдениот минималец.

Според најновото покачување, околу 27 илјади работници од април ќе имаат покачена минимална плата во износ од 22.567 денари на нивните сметки. Со покачувањето треба да се усогласат и порастат платите на околу 35 илјади каде што има колективни договори.  Синдикатите вчера побараа во првите 100 дена од новата Влада да има ново покачување, затоа што платите не го следат трендот на раст на трошоците.

Инаку, според пресметките на ССМ,  Македонија е на дното по висина на минималец според земјите во регионот, трудот помалку се вреднува само во Босна.