Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

ФИНКИ на протест пред Владата – идните академски граѓани немаат никави услови за студирање

На студентите и професорите од најголемиот факултет во државата им пукна филмот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На студентите и професорите од најголемиот факултет во државата им пукна филмот. Излегоа на протест пред владата, откако по повеќе од една деценија, факултетот за информатичко и компјутерско инжинерство, познат како ФИНКИ, се уште нема соодветни услови за оддржаување настава и нема простор каде да ги смести своите 5000 студенти.

На протестот порачаа дека веќе со години разговараат со владата за да се надмине овој проблем, но, на власта очигледно, образвонието не и е помеѓу приоритетите.

  • „Ние бараме модерен објект кој што треба да има поголеми училници, бидејќи нашите студентски групи се поголеми. Бараме да има услови за компјутерски училници. Објект над 6 до 10 илјади метри квадратни би бил соодветен за факултетот.“ – Изјави деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски.

Новата зграда на ФИНКИ иако беше изградена во рамки на општествениот кампус на УКИМ, по промената на власта во 2017, објектот со години е оставен на забот на времето, во исчекување да ја изгуби градежаната дозвола.

Реклама
  • „Таа зграда ќе треба неколку години да се заврши, а втор факт е дека дозволата за градба истекува за помалку од една година. Потоа ќе имаме правен вакум за примопредавање и ставање во функција на таа зграда.“ – Додаде деканот Јакимовски.

Иницијално, ФИНКИ побара бирото за развој на образвоанието да се иссели од бараката во непосредна близина на факултетот, за тие да може да ја користат. Ова создаде меѓу-институцијална кавга, бидејќи од бирото велат, тие 40 години, домаќински се грижеле за бараката и не ја даваат.

  • „Сѐ додека не се изгради објект според потребите и надлежностите на институцијата, согласно бројот на вработени и согласно услугите што ги пружа на повеќе од 23.000 наставници нема да дозволиме „селење во непознат правец“ без соодветни услови за работа“ – Соопштуваат БРО.

Во меѓувреме, проблемот паѓа врз грбот на студентите. Велат дека често стојат за време на предавањата и се чуствуваат дискриминирани што немаат основни услови за настава.

Деканот на ФИНКИ вели дека за време на преговорите со власта, во игра биле работничкот дом, објектот на МРТВ, како и други згради во државна сопственост, но, решение се уште нема.

Никола Цветкоски