Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Не одговара дали ќе замине во пензија ако загуби на изборите- предизвикот на неговата ДУИ го исплаши Али Ахмети?!

Али Ахмети по се изгледа не ја прифаќа фрлената ракавица од неговиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Али Ахмети по се изгледа не ја прифаќа фрлената ракавица од неговиот министер Крешник Бектеши. Не одговори на прашањето дали би се повлекол од политиката доколку не победи на изборите или ДУИ не биде дел од наредната Влада. Наместо конретен одговор на конкретно поставено прашање, лидерот на ДУИ реши да испраќа пораки до ВМРО-ДПМНЕ, кој веќе во минатото беа испратени. Ќе се повлечеле од Владата доколку тие гласале за уставните измени. Но одговор дали евентуален пораз на изборите ќе значи крај на неговата политичка кариера немаше.

-(Вашиот министер Крешник Бектеши испрати понуди кој ќе изгубел на изборите да се повлече од политиката, дали ако ДУИ изгуби на изборите или не бидете дел од Владата би се повлекле од политиката?) Кога одлучи ВМРО да има преговори но без ДУИ како член на Влада, ние сме одговориле директно. Повелете правете уставни измени, во моменти кога вие ќе ги правите промените, ние излегуваме од Влада, ја напуштаме Владата. Од големо значење е Уставот да се промени и земјата да се зачлени во ЕУ. Овде сме за мисијата и нашата мисија е ЕУ, изјави Ахмети.

Инаку, она што е чудно е што ваквиот одговор на Ахмети доаѓа само четири дена откако токму неговиот функционер и министер за економија, даде понуда кој ќе загубел на изборите да се повлече од политиката.

Реклама

-Еве ве повикувам да направиме договор, меѓу сите политички партии, тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја исфрлуваме ракавицата нека повелат сите политички партии, вклучувајќи го и ВМРО, па и другите политички партии, изјави Бектеши.

Оваа понуда не е прифатлица за Димитар Ковачевски. И да загубел на изборите немало тој да биде виновниот, туку ќе биле сите партиски членови, порача лидерот на СДСМ. Реши како пример да ја користи фудбалската игра, во која пак за лошите резултати секогаш на крај цената ја плаќа тренерот, што во овој случај би бил претседателот на партијата. Она што е чудно е што Ковачевски тоа не го знае или не сака да го знае во оваа ситуација.

За разлика од лидерот на СДСМ, а очигледно и на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќаат оваа понуда на Крешник Бектеши. Потпретседателот на партијата Александар Николоски,  порача дека министерот за економија му подготвувал свилен гајтан на Али Ахмети, бидејќи јасно било дека ДУИ ќе загубат на изборите и нема да бидат дел од следната Влада.

Понудата ја прифати и здружената албанска опозиција. За коалицијата „Вреди“ овој потег е само сеење магла и ги повикаа првите луѓе на Интегративците да се подготват за политичка пензија.

Матеја Петровски