Реклама
Економија

Димитриеска Кочоска алармира за катаклизма-буџетот е пред банкрот!

Криминалот и корупцијата на власта ги изедоа парите, растот на БДП е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалот и корупцијата на власта ги изедоа парите, растот на БДП е 1%, а јавниот долг од 62,1% ја надмина дозволената граница, предупредува потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска. Во интервју за „360 степени“ на МТВ Димитриеска Кочоска зборува за катаклизма во буџетот, за банкрот затоа што навистина состојбата е вели алармантна.

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ако ги гледаме податоците ние вели имаме 62,1% јавен долг и веќе се надмина оној дозволен, според фискални правила во Законот за буџет каде стои дека се дозволува нивото на јавниот долг да оди до 60% од БДП, а сега сме 62,1%. 3% ќе биде буџетскиот дефицит, и тоа покажува дека состојбата е алармантна:  

Има потрошено над 700 милиони евра пари кои не дале никаков резултат, а на тоа мислам на капиталните расходи. Прашањето е за што се потрошиле парите. Ако се потрошиле наменски за капитални инвестиции, немаше БДП да биде 1% туку повисок. Реалноста е дека многу мал дел од овие средства отидоа за капитални инвестиции, сето останато се најразлични трансфери кои се даваат по претпријатијата. Последните 3 години има 360 милиони евра трансфери дадени на ЕСМ, а со тие пари ќе направеа огромна централа. Тоа се пари да се покријат криминалите и корупцијата, а не да се субвенционира струја. Криминалот и корупцијата ги изедоа парите. Дојде да не може плати да се исплатат, потенцираше таа.

Реклама

Димитриеска Кочоска истакна дека нема оправдувања дека било криза затоа што претходно за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ за време на кризите во 2009 и 2012 кои беа огромни финансиски, тогаш бевме лидери во справување со кризата во земјите од Западен Балкан сега сме на дното, предупреди потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.