Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Славица Грковска не е од тука- ниту видела, ниту чула дека има злоупотреба на државни возила за партиски цели

Само Славица Грковска не го гледа или пак не сака да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само Славица Грковска не го гледа или пак не сака да го види, она што сите други го видоа. Немала аргументи кои покажувале дека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, злоупотребил службено возило во партиски цели, кога се потпишуваше за поддршка на кандидатурата за претседател на Стево Пендаровски. Иако јасно се гледа и на видео материјал и на фотографии, дека со службено возило си извршува партиска агенда, вицепремиерката за политики за добро владеење тоа не го видела.

-До сега не сме добиле фактичка состојба да видиме со аргумент дека е тоа така. Вие знаете дека и до сега секогаш кога сме имале аргументи и доказ кој што укажува на тоа дека е прекршен етичкиот кодекс сме постапиле без разлика на тоа за кого станува збор, така ќе биде и во овој случај. Треба да водат сметка за јасно разграничување на партиските и државните активности и да нема злоупотреба на државни ресурси и капацитети за време на партиска кампања, вели Грковска.

Маричиќ не е изолиран случај во власта, повеќе функционери си ги злоупотребуваат службените возила во партиски цели, а најчесто тоа е Груби, кој иако веќе има две опомени, сепак продолжува со оваа пракса. Она што е чудно што за него барем според Грковска немало решение. Други функционери пак после опомените се јавувале во нејзиниот кабинет да се консултирале што друго не смеат да прават за да не го прекршат етичкиот кодекс.

Реклама

-Значи тие промени се видливи. Сакам да укажам само на тоа дека за еден случај, за случајот Артан Груби сме дошле до ситуација после две опомени заради непостапување или според етичкиот, според опомените, сме пратиле допис до премиерот кој што треба според етичкиот кодекс која е мерката која што ќе ја спроведе, вели Грковска.

Во обид да се оправда за злупотребата на службеното возило во партиски цели, Маричиќ се дозаплетка, велејќи дека му следувало 24 часа. Сепак во упатството на Владата, за користење на службени возила стои дека такво нешто треба да биде одобрено, оправдано, наменско, рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работа на државниот орган согласно неговите надлежности.

Па отворено се поставува прашањето дали давањето потпис за кандидатурата на Стево Пендаровски е во согласност со визијата, мисијата и делокругот на работа на Секретаријатот за европски прашања.

Минатата година владејачкиот СДСМ, во дворот на партиското седиште ја најавуваше кампањата „Рамо до рамо“, а повеќето министри и кадри на партијата, од владините канцеларии до партиското седиште дојдоа со службени коли.

Службено возило си користи и министерот за политички системи Артан Груби. Пред две години, тој во Мала Речица на состанокот на ДУИ дојде со владино возило, а за тоа доби само опомена.

Неодамна и службеното возило на премиерот Талат Џафери беше паркирано на плоштадот Македонија додека тој пиеше кафе.