Реклама

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Македонија

АНКЕТА: Огромна предност на Силјановска пред Пендаровски во ИЕ 3 и ИЕ 4

Кандидатот за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во изборната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во изборната единица 3 и изборната единица 4 со речиси дупло поголемо водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Ова се резултати од истражување на јавното мислење на анкетата објавена на јавниот радиодифузен сервис МРТ, а спроведена од Институтот за политички истражувања.

Во изборната единица 3 на прашањето за кој претседателски кандидат ќе гласате на претстојните претседателски избори Силјановска има рејтинг од 27,3 проценти во февруари, а во март 36 проценти. Кандидатот на СДСМ, Пендаровски во ИЕ 3 во февруари има 15,4 проценти рејтинг во март 20,9 проценти. Кандидатот Максим Димитриевски од ЗНАМ во ИЕ 3 во февруари има 3,5 проценти рејтинг, а во март 6,6 проценти, кандидатот Билјана Ванковска на Левица во истата изборна единица во февруари има 3,1 проценти рејтинг, а во март 4,8 проценти рејтинг, Стевче Јакимовски од ГРОМ во ИЕ 3 во март има рејтинг од 1,1 процент. Кандидатите Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари од албанската опозиција Вреди и во февруари и во март имаат по под еден процент рејтинг во ИЕ 3.

Кандидатите Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари од албанската опозиција Вреди и во февруари и во март имаат по под еден процент рејтинг во ИЕ 3. Во ИЕ 3 не сакале да кажат во февруари 14,2 проценти од испитаниците, а во март 10 проценти, не знаеле или немале одговор во февруари 6,6 проценти од испитаниците, а во март 7,5 проценти, за ниеден во февруари се изјасниле 14 проценти од испитаниците, во март 12,1 процент.

Реклама


Во ИЕ 4 на прашањето за кого би гласале на претседателските избори во февруари 27,2 проценти се изјасниле за Силјановска, а во март рејтингот на Силјановска бил 35,8 проценти. За Стево Пендаровски во февруари се изјасниле 15,8 проценти, а во март рејтингот му бил 22,4 проценти. За Ванковска во ИЕ 4 во февруари се изјасниле 3,2 проценти од испитаниците, а во март 3,4 проценти. Рејтингот на Максим Димитриевски во ИЕ 4 во февруари бил 2,4, а во март 5,2 проценти. За Јакимовски во ИЕ 4 се изјасниле еден процент од испитаниците.

Османи и Таравари и во ИЕ 4 во март се под еден процент. Во ИЕ 4 за ниеден кандидат во февруари рекле 13,8, а во март 12,5 проценти. Не знаеле или немале одговор за кандидатите во ИЕ 4 во февруари 12,7 проценти, а во март 6,2 проценти. Во ИЕ 4 не сакале да кажат за кој кандидат во февруари 9,5 проценти и во март 12,6 проценти од испитаниците.