Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Милионски зделки за „крпи закрпи“ во РЕК Битола – Клучниот енергетски комбинат пропаѓа, експертите критикуваат за неодговорност   

   По завчерашниот тотален крах на РЕК Битола, од вчера попладне Постројката повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   По завчерашниот тотален крах на РЕК Битола, од вчера попладне Постројката повторно работи. Ама, пак со само еден Блок. Дали и кога точно ќе бидат ставени во синхронизирана функција и останатите два блока, засега останува неизвесно.

   „Вчера, во 15.55 ч., Блок 2 е синхронизиран со системот. На Блок 3 се санира оштетувањето на цевките и штом биде завршено и тој ќе биде ставен во функција. На Депонијата во моментов има резреви од над 160.000 тони јаглен, притоа треба да се има предвид дека од 9 ноември до 16 декември, и од 1 до 24 февруари, РЕК Битола работеше со сите три болка на мрежа“, се правдаат од РЕК Битола.

  Честите хаварии во најголемиот домашен производител на струја се резултат на несоодветното одржување на постоечките капацитети, на отсуството на сериозни годишни ремноти со длабоки зафати, на немодернизацијата, но и на квалитетот на увезениот јаглен кој се користи, сметаат експертите.

Реклама

  „Тоа се сериозни проблеми кои што не се решаваат преку ден. Ако ова, како што има најава дека во ден – два се’ ќе биде решено, тогаш би се третирало како случаен испад, а таков случаен испад – Македонија да ја оставите без ниеден блок од РЕК Битола, мислам дека треба да се санкционира. Ова на времето беше незамисливо дека може РЕК Битола да се донесе да не работи ниеден блок. Тоа најодговорно ви го тврдам, не се случило никојпат“ – ни изјави за Алфа, м-р Спиро Мавровски, поранешен дирелктор на РЕК Битола.

  Одговорните луѓе кои работат таму и се дебело платени со народни пари, џабе се правдаат дека честото испаѓање на блоковите била очекувана, нормална работа. Тоа не е точно, тоа се само изговори за недомаќинското работење, дециден е Мавровски.

  „Не е нормално да испаѓа блокот. Тоа значи дека има дефект, има проблем. Дали е тоа пукање на цевки, дали е неквалитет на јаглен, дали како минатиот пат на третиот блок кога цел котел беше донесен во прашање, значи тоа се сериозни проблеми. Значи, секое исклучување на РЕК Битола, значи увоз на електрична енергија и покачување на цената. Не е тоа така  едноставно како што некој сака да го прикаже“, – објаснува м-р Мавровски.

  Инаку, од почетокот на годинава, цената на струјата повторно е зголемна, а воведена е и нова ставка „пристап до мрежа“, како и т.н. „данок на луксуз“.

 Каролина Дурло