Реклама
Прилози

Незадоволните пензионери од повеќе градови конституираа ново тело во Прилеп

„Ние ниту се формиравме за да бидеме било чиј партиски приврзок, ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ние ниту се формиравме за да бидеме било чиј партиски приврзок, ниту пак сакаме да станеме тоа. Ние само бараме достоинствен пензионерски живот. Обидите на Драган Угриновски да не’ стави под „капата“ на извесна политичка партија, за нас се неприфатливи, крајно навредувачки и манипулативни“. Ова е пораката на претставниците од Иницијативните штрајкувачки одбори на пензионерите од повеќе градови во земјава кои денеска во Прилеп одржаа Конститутивно собрание за формирање на ново Здружение.

  • Во моментов, онаа група што се оддели од нас со почитуваниот Драган Угриновски, според нашите извештаи кои што ги добиваме, тие се околу шест лица кои го претставуваат тоа здружение и се регистрирале како такво здружение. Во моментов ние немаме поддршка од постоечкото раководство на пензионерите на Македонија и затоа се одлучивме на овој чекор“, кажа Вера Јанческа, пензионер од Прилеп.
  • Од она што ни се случи во Кавадарци каде одредена група на наши пензионери се одвоија и тргнаа по партијата на Јанко Бачев, оттогаш сме одвоени, и сега сме Сојузно здружение на пензионери – „Пензионери за достоен живот“. Денес на овој состанок ќе се конституираат телата на новото Здружение. Гласот на пензионерите ќе оди кај оној што ќе ни понуди подобар Закон за пензии“, – изјави Миле Тасевски, пензионер од Битола.

  На денешното конститутивно собрание во Прилеп, беше истакнато дека новото Здружение си останува на барањата за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, потоа за ослободување од здравствена партиципација за жените од 62, а за мажите од 64 години, како и минималната пензија да не биде под 20.000 денари.  А ќе бидат доставени и предлози за измена на постоечкиот Закон за пензии, бидејќи, велат дека бил неодржливо лош.

  • Нашите барања се познати. Остануваме на тоа што го бараме и нема да отстапиме. Јас мислам дека под 20.000, пензија не смее да биде во денешно време“, кажа Митко Митев, пензионер од Струмица.
  • „Ние ќе одиме напред. Мислам дека со мојата парола „Моќта е во мнозинството“, мислам дека ќе дојдеме до нашите посакувани резултати“, рече Трајчо Митев, пензионер од Штип.
  • Имаме 18.000 пензионери, повеќето се незадоволни од раководството наше, бидејќи таму кај нас е воено-полициски собрано тоа Здружение“, – вели Мирослав Цветковски, пензионер од Куманово.
  • Со пакет мерките кои што ги даде Ковачевски и Владата која сега ја води техничкиот премиер Џафери, тие се нула“, посочи Васил Пиндеров, пензионер од Валандово.

    Новото Здржение, според најавите, ќе има свои тела и ресорни комисии кои директно ќе сотаботуваат со надлежните државни институции.

Реклама

 Каролина Дурло