Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Алфа дознава: Спасовски се обидел да сокрие дека била украдена пушка на поранешниот началник на СВР Скопје

Обиен автомобил на еден началник, украдена пушка на друг началник. Случај од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обиен автомобил на еден началник, украдена пушка на друг началник. Случај од пред 20 дена, кој старите структури во МВР се обиделе да го сокријат, дознава Алфа.

Според нашите информации, инцидентот се случил вечерта на седми февруари, кога бил извршен грабеж на службено возило на МВР, кое што го користел началникот на Специјалната антитерористичка единица Тигар, Дејан Прокоповски, а украдено било огнено оружје на поранешниот началник, а сега дополнителен заменик началник на СВР Скопје, Кирчо Даневски.

Она што е проблематично во овој случај е што според законот за користење на огнено оружје, пушка или пиштол не смее да биде кај човек кој не е нејзин сопственик или нема дозвола за користење на конкретното оружје. 

Реклама

Според закон и доколку огнено оружје е украдено, а подоцна полицијата го најде, тоа автоматски се запленува, но во овој случај му било вратено на Даневски, кој во полициската станица го предал повеќе од две недели подоцна. Токму поради ова поставивме неколку конкретни прашања до МВР за овој случај.

Дали Кирчо Даневски добил прекршочна пријава поради настанот кој се случил со кражбата во службеното возило, каде било негово парче оружје иако тој не го управувал возилото?

Дали Даневски или Прокоповски ќе одговараат согласно законот бидејќи оружјето не било чувано согласно закон?

Кога може да се очекува разрешница на овој случај?

Дали ќе следи дисциплинска постапка за двајцата од страна на Внатрешната контрола на МВР?

Дали Кирчо Даневски на 21-ви февруари во период од 09:00 и 09:30 го предал огненото оружје во полициската станица Бит Пазар?

Од МВР само потврдуваат дека се случил грабежот, но не даваат подетални информации, ниту дали Даневски и Прокоповски се имаат врска со овој случај.

–На 07.02.2024 година во СВР Скопје е пријавено дека е обиено службено возило и од истото било украдено малокалибарско оружје за спортско стрелаштво, во приватна сопственост. Случајот е соодветно документиран, сторителот на кривичното дело истиот ден е пронајден, а приватното оружје е одземено. За случајот е информиран Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со СВР Скопје за случајот има поднесено соодветни пријави, велат од МВР.

Дека се случил грабеж на оружје кое го користел поранешниот началник на СВР Скопје на социјалните мрежи напиша и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Вели дека одделот за внатрешна контрола констатирал дека се направени низа прекршувања во полициската постапка во врска со извршена тешка кражба на возило каде од полициски службеник била украдена пушка малокалибарка.

-Полициските службеници не поднеле кривична пријава и покрај тоа што за пушката имало основано сомнение дека е предмет на сторено кривично дело, потоа не биле извршени минималните проверки, не е известен надлежен јавен обвинителен и истата не била дадена на вештачење. Притоа, полициските службеници не констатирале прекршок и не била поднесена прекршочна пријава против лицето кое во тој момент било началник на Секторот за внатрешни работи Скопје, напиша Тошковски.

Инаку, Даневски беше началник на СВР Скопје по избор на Оливер Спасовски, а дополнителен заменик началник стана, откако министерското место во МВР го презеде Панче Тошковски и согласно законот за техничка Влада именуваше нов началник.

Матеја Петровски