Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Граѓаните бараат СДСМ и ДУИ да изгласаат продолжување на важноста на пасошите

На пладне, пред шалтерите на МВР за вадење лични документи е растеретено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На пладне, пред шалтерите на МВР за вадење лични документи е растеретено од гужва.

Граѓаните брзаат да си ги подигнат новите пасоши што им се издадени, а доаѓаат и на преместените термини за кои добиле повик.  Дел од нив гневни заради хаосот во кој власта ги донесе и сега се заглавени, па мора да ги откажуваат патувањата поради старите пасоши. Но речиси сите се согласни дека е потребно продолжување на рокот на важноста на пасошите по теркот како со личните карти и возачките дозволи.

Ако владејачкото мнозинство не ги изгласа измените, околу 650.000 граѓани нема да знаат дали ќе може да летуваат и неизвесно е кога ќе ги имаат „северните“ пасоши во рака.  

Реклама

Во меѓувреме, министерот за внатрешни Панче Тошковски прави напори за да се изготвуваат 75.000 пасоши месечно со што агонијата би завршила за неколку месеци. Тој во интервју за МИА најави дека министерството ќе произведува 3300 пасоши на ден, а административците ќе работат со полна пареа, за да нема застој. Печатењето на пасоши нема да застане поради изборниот период туку ќе продолжи во континуитет, вели министерот.

„Сега да не се правиме ние дека сме не знам што, но, сето она време кое што можам да го дадам за да подобриме нешто во процесот во наредниот период којшто ни останува, 70 и некој ден до избори, па и она време по избори, ќе го дадам. Овој процес нема да застане. Некаде од прилика бројката која што во континуитет ја имале како бројка за пешатење во МВР е околу 50.000 пасоши на месечно ниво. Бројката која што сакаме да ја достигнеме, реална бројка, е некаде околу 75.000 пасоши на месечно ниво“, вели Тошковски.

Претходното раководство во МВР од СДСМ и ДУИ направи вистински хаос пред шалтерите на МВР откако граѓаните побрзаа да го фатат рокот до 12 февруари и да извадат валидни докуементи со новото име.  За личните карти и возачките дозволи власта најде решение и го продолжи рокот за важност до крајот на годината. Во однос на пасошите, Грција е единствената земја членка на ЕУ која дала мислење дека не ги прифаќа патните исправи со името Република Македонија. Според последните информации, со старите пасоши ќе може да се патува во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Албанија.