Социјалистичката партија предупредува дека на почетокот на март граѓаните ќе се соочат со раст на цените и на инфлацијата со оглед дека мерката за замрзнати цени на дел од прехранбените производи е замрзната до крајот на февруари.
-Со циничните фалби дека се зголемени платите, пензиите и приходите СДСМ и ДУИ лицемерно сакаат да претстават розева слика која нема врска со реалноста. Напоменуваме, вистината е дека граѓаните се очајни, осиромашени и со приходи кои не се доволни ниту за елементарен и основен живот, а самото замрзнување на цените е промашена политика на СДСМ и ДУИ што не даде никакви резултати, освен за лажење на граѓаните, за што СПМ неколку пати предупреди, порачуваат од СПМ.
Од оваа партија предупредваат дека со највеното намалување на субвенциите за струја дополнително ќе се осиромашат граѓаните.

-Со тоа ќе се зголемува нивното незадоволство и гнев. СДСМ и ДИУ тоа и го заслужуваат и многу повеќе од тоа затоа што не водат сметка за ништо и за никого, освен за лично богатење и крадење, реагираат од Социјалистичката партија.
