Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Дали е 2020 или 2024 година? Зошто повторно го гледаме реваншот меѓу Џо Бајден и Доналд Трамп?

Дали е 2020 или 2024 година? Зошто повторно го гледаме реваншот меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали е 2020 или 2024 година? Зошто повторно го гледаме реваншот меѓу претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп? И двајцата кандидати ги бие лош глас, а Трамп е опколен со правни проблеми. И двајцата се сметаат за премногу стари, додека анкетите покажуваат дека повеќето Американци се загрижени за Бајден, кој би имал 82 години на денот на изборите, во споредба со Трамп, кој би имал 78 години.

Зарем нема друг избор?

„Трамп, тој е шампион на поплаки, тој навистина се поврзува со неговата база на таа специфична димензија. А, кога станува збор за Бајден, тој е единствениот кандидат што демократите го гледаат дека всушност може да го победи Трамп“, вели Клифорд Јанг од Ипсос за односи со јавноста.

Реклама

И, двајцата имаат корист од политичкиот систем кој ги фаворизира актуелните функционери и имаат големо влијание во нивните партии.

Бајден победи на прелиминарните избори во Њу Хемпшир иако неговото име не беше на гласачкото ливче.

Трамп, пак, има корист од примарниот процес кој привлекува повеќе идеолошки жестоки гласачи, што во превод значи огромна поддршка од неговата база.

„На општите избори и во пошироката Републиканска партија, Трамп не е прифатен толку многу како овие првични гласачи, но системот речиси сигурно ќе доведе до негова реноминација“, вели Томас Шварц, Универзитетот Вандербилт.

Оние што му се лојални на Бајден го гледаат како успешен актуелен претседател, кој обезбедува легислативни победи, има водство во одговорот на Западот на руската инвазија на Украина и предничи во економијата каде што стравувањата од рецесија се намалија.

Демократскиот стратег Корин Грејс Фримен вели дека, сепак, за разлика од непоколебливата поддршка од базата на Трамп, прогресивното крило на Демократската партија е фрустрирано од неможноста на Бајден целосно да се справи со долгот за студентските заеми но, и со војната меѓу Израел и Хамас.

„Има многу луѓе кои не можат да го поддржат овој претседател, на кои исто така не им се допаѓа Доналд Трамп, кои едноставно се чувствуваат како дека Демократската партија постојано да ги изневерува“, вели Корин Грејс Фримен, демократски стратег.

Трамп и Бајден, исто така, имаат корист од примарниот систем каде изборите на кандидати се суштински заклучени многу однапред, поради промените на правилата направени од државите.

„Денес датумите на партиските првични избори се поместени до точка што повеќето од нив ќе се одржат пред 5 март“, вели Џефри Кауан, Универзитет во Јужна Калифорнија.

Ова значи дека иако има уште осум месеци до изборите, ќе биде многу тешко за за некои нови кандидати да започнат кампања против Бајден или Трамп.

Освен ако некој не се откаже и партијата не номинира замена за време на конвенцијата, засега, на Американците им остануваат само овие два избора.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон