Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Со години нема решение за струшката депонија

Цели три години во струшкиот основен суд и битолска Апелација фаќа прашина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цели три години во струшкиот основен суд и битолска Апелација фаќа прашина тужбата која од Македонското здружение на млади правници ја поднесоа против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално“ поради непревземање мерки за справување со стушката дива депонија.Судовите се прогласуваат за ненадлежни и постојано го шетаат предметот. Постапката веќе една година е пак заглавена во Апелациониот суд во Битола, откако по втор пат беше вратена од Основниот суд во Струга.

“Ова е едно недозволиво однесување на Апелациониот суд во Битола, бидејќи се работи за тужба чие тужбено барање гласи да се превземат итни и неодложни мерки за спречување на понатамошна, идна штета на здравјето на граѓаните во општината, што претставува еден своевиден јавен интерес ”  –вели адвокатот Глигорие Ќатоски

На депонијата која е оддалечена само 500 метри од првите куќи во градот се натрупани илјадници тони секаков вид отпад, глувоста на институциите кои цели 17 години го игнорираат проблемот со депонијата, ги натера младите правници да поднесат прва тужба од ваков вид во државава. Депонијата се наоѓа на плодното струшко поле каде во непосредна близина има и посеви, чиј род завршува на пазарите, што е катарстрофално,реагираат и стружани.

Реклама

–“Си треба убава современа депонија да се направи,кој век сме сега а уште се таложи таму.Јас тоа го знам затоа што 35 години работев во Комунално и се расправав со тие депонии.-Право да ви кажам со заштитна маска човек да живее,грозно е.Стварно е непријатно за еден град на скоро 800 метри надморска височина има и езеро и река да е практично рај на земјата, ние самите луѓето го правиме да е пекол на некој начин” велат стружани

На хартија се обезбедија пари за депонијата, но таа не се дислоцира, единствено се направи претовара станица, која никогаш не профункционира.На депонија,која беше главно ветување на Мерко во битката за сите 4 градоначалнички мандати, годишно се одлагаат по 40 тони сметна површина од 3 хектари,во висина од 20 метри.Инаку на постоечката локација започна да се одлага отпад  во 2006-та година кога со Струга граданочалстуваше токму Рамиз Мерко.

https://studio.youtube.com/video/YU4pMa5kIW4/edit