Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Николоски: ЕСМ му дала 2 милиони евра на омилениот Марковски за дислокација на делови од ТЕЦ Осломеј, што до денар соодветствува со проценетата вредност

Продолжувам со објавувањето на индиции за криминал во работењето на Електрани на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжувам со објавувањето на индиции за криминал во работењето на Електрани на Македонија. Овој пат ќе зборувам за состојбата во термоелектраната Осломеј кај Кичево чија што цел односно целта на раководството на Електрани на Македонија е да ја затвори оваа термоелектрана и на тој начин илјадници луѓе од Кичево и кичевско да изгубат сопствената работа, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Во таа насока на 14 февруари 2024 година Електрани на Македонија склучува криминален договор од речиси 2 милиони евра, повторно со омилениот тендераш на власта, Борче Марковски, почесниот конзул на Белорусија во Македонија. Предмет на овој тендер е специјализирани браворско-заварувачки работи за дислокација на погонски станици од рудникот во Осломеј во рудникот во Битола. Значи и за уништување на термоелектрана пак го бираат Борче Марковски, така што специјалистот за тендери во четири очи и за ископ стана и специјалист за пренос на тракасти транспортери и погонски станици. Ова е специјализирана услуга која ја работат неколку специјализирани фирми во светот, но секако тоа не е проблем за омилениот тендераш на власта и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, рече тој.

Николоски посочи дека она што е исклучително интересно е дека и на овој тендер има само една понуда и проценетата вредност до денар одговара на понудената вредност.

Реклама

-Па прашувам како точно само Марковски компани во Македонија знае колку е и проценетата вредност и таа вредност точно одговара на она што тие го даваат како понуда и како само таа компанија доставува понуда. Ова е тој документ каде може да видите дека 106 милиони 200 илјади денари е проценета вредност, 106 милиони 200 илјади денари е понудата и има само еден понудувач. Ова е само врв на ледената санта која плови низ криминалот во Македонија каде само од 2021 до денес Марковски компани има добиено преку 163 милиони евра во тендери од Електрани на Македонија. Повикувам јавното обвинителство и надлежните органи да се позанимаваат и со оваа јавна набавка како и со целокупното работење на Марковски компани со цел да излезат на виделина сите коруптивни скандали. Прашувам кој е интересот на власта да ја протежира исклучиво оваа фирма и да мести тендери во корист на оваа фирма, кој е интересот на власта сите јавни набавки во Електрани на Македонија потребни непотребни да одат само на едно место, вели тој