Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Трката да се наполнат државните институции со партиски војници пред изборите предизвика хаос

Во 9 наутро бил примен на работа, но не ја видел пораката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 9 наутро бил примен на работа, но не ја видел пораката и веќе во 10 и 55 минути неговото место е пополнето, а тој не е примен. Хаос се случувало во јавните и државните установи, само ден пред 15ти февруари, откога со распишувањето на изборите, не може да има нови вработувања и разрешувања. Подобните за власта очигледно морале да бидат примени, па дури и на штета на оние кои регуларно влегле на конкурсите но не се членови ниту на ДУИ ниту на СДСМ.

Па така, незаконски на 15 ти февруари си се вработувале и преместувале во посакуваните институции со печати на кои стои датумот од претходен ден, односно 14 –ти февруари, што само по себе е кривично дело.

На вибер порака која кружи на интернет, вработен во една институција, задолжен за нови вработувања, известува регуларно избрани луѓе на конкурс – во колку часот треба да се појават таму само за да потпишат договор. А ако не одговорат на порака, тие се пречкртани без објаснување, а на нивно место влегуваат други – за кои не се знае ниту дали ги поминале тестирањата.

Реклама

Хаос и паника за да станат буџетари на неопределено време и да го запазат законскиот рок имало и меѓу службениците во Министерството за информатичко општество и јавна администрација. Извори за Алфа брифираат дека таму покрај тоа што на 15 ти февруари незаконски се правеле договори со печати од 14-ти, исто така се потпишувале и согласности за размена на луѓе меѓу институции.

Вработените го знаат тоа. Но кога ќе ве притиснат од партии и повисоки ешалони, вработените се ставени меѓу два огна. Дали да го почитуваат законот или да ги слушаат претпоставените. Затоа алармарива кај вработените, алармирав и во јавноста. 3000 лица се обиделе за цел изминат рок, но со доаѓањето на техничката влада трендот продолжил. Постои лог дека докуменот е напишан на 15, а заведен на 14. Да влезе пазарен инспекторат и да си ја заврши работата, вели Стефан Андоновски технички министер за информатичко оопштество.

Месец ипол пред формирањето на техничата влада, Агенцијата за администрација објави над 80 огласи и стана расадник за нови предизборни административци.

Државната компанија ЕСМ вработуваше 500 лица. Фондот за здравствено осигурување бараше 41 работник за 36 позиции, Министерството за надворешни работи прими 15 извршители, а се вработуваа и во транспорт и врски и во  Министерството за информатичко општество.