Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

Изборите ќе покажат чија сила е поголема – на Села или на Таравари

Земјотресот со епицентар во Алијанса за Албанците може да се почувствува кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјотресот со епицентар во Алијанса за Албанците може да се почувствува кај другите партии и да влијае на изборниот процес особено кај политичкиот блок на албанската заедница. Според познавачите не очекува жешка политичка , а со оглед на случувањата во Алијанса, не е баш јасно каква ќе биде разврската. На крајот од денот, според аналитичарите не е толку важно кој ги има печатите туку кој го има мнозинството.

Сега и двете страни тврдат дека го имаат потребното мнозинство и веројатно судот ќе треба да одлучи бидејќи сигурно ќе се обидат да ги вметнат во ЦР промените кои се случија. Ако тоа не се случи или ако се оспори, може да влијае и на самите избори, кој ќе има право да предложи листи на кандидати, односно кој ќе ја застапува партијата и тоа ќе мора да се реши пред изборите. Можно е и истите луѓе да биле на двата конгреси така да не е толку јасно кој е во право и мислам дека и на судот нема да му биде лесно да пресуди. Ако испадне дека и на едниот и на другиот конгрес биле исти членови ќе биде тешко да се одлучи кој бил во право а тоа носи други правни последици што ќе резултираат кој ќе има право во име на партијата да поднесе листи на кандидати – вели Александар Кржаловски – директор на Македонски центар за меѓународна соработка.

Тензиите во Алијанса растат уште повеќе откако во петокот вечерта, Таравари, го разреши Села, а вчера Зијадин, го разреши Арбен. По двата конгреса и од двата табора тврдат дека се легитимни и дека поседуваат печати на партијата. Сепак очигледно е дека судирот останува отворен, а за легитимноста ќе одлучува судот.

Реклама

Секако ќе биде жешка политичка пролет, добро е што релативно рано се случуваат овие турбуленции за да има време да се разреши, ова ќе доведе до тоа да има кандидат на албанците, тоа повлекува и дуи да има свој кандидат што значи скоро се невозможни шансите да одат заедно со СДСМ со заеднички кандидат, ќе биде интересно уште од сега во наредните две недели кога ќе се искристализираат некои работи – додава Кржаловски.

Самата кандидатура на Таравари за претседател, сега ги става пред свршен чин ДУИ, да мора да трчаат со сопствен предлог – канди–ат. Врската ДУИ-СДСМ се раскинува оти опцијата за консензуален кандидат веќе не е во игра. Резултатите по 8-ми мај ќе ги исцртаат постизборните коалицирања  и тогаш ќе се знае колку е силата на крилото на Села кое влече кон ДУИ, наспроти тоа на Таравари кое според бројките е мнозинско.