Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Tаравари, Mеџити, Гаши и Касами потпишаа декларација за обединување

Членство во ЕУ, соработка со стратешките партнери, бескомпромисна борба против криминалот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членство во ЕУ, соработка со стратешките партнери, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, радикални реформи во подобрувањето на животниот стандард – вака гласи декларацијата албанските опозициски сили кои се обединија заедно со Алијанса за Албанците во коалиција „ВЛЕН“. Арбен Таравари официјално се приклучи на екипата на Меџити, Гаши и Касами. Промената што доаѓа е промената што вреди – гласи паролата на сојузот.

Денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозицски партии  првпат после 2011 година кога Албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат. Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка  и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок. „Влен“ значи вреди – вреди да се гласа – изјави Таравари.

Претседателот на БЕСА порача дека сега е историскиот момент кога се случуваат промени кои ќе го вратат достоинството на Албанците. Европскиот сојуз кој застана зад кандидатурата на Таравари за претседател на Македонија, сметаат дека првиот албански претседател ќе биде симбол и резултат на моќта на обединувањето.

Реклама

Во овој момент, сите заедно ја запечатуваме нашата иднина, која е полна со надеж, која ќе се гради врз темелите на демократијата. Сојузот е едно од најголемите обединувања на Албанците на Балканот. Вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува олдучноста, револуционерниот дух и волјата за промени кај албанскиот народ – рече Касами.

Лидерите на четирите партии порачаа дека денешната декларација е платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оцениле дека е дојдено времето за голема политичка промена. На собирот ги повикаа сите луѓе, без разлика, млади неопределени, очајни активисти аналитичари да се придружат на промената што доаѓа. На декларацијата потпис стави и Беким Ќоку, инаку советник на косовскиот премиер Албин Курти, чија партија исто така е соработник на коалицијата „Влен“.

Со ова Таравари ја официјализираше соработката со албанската опозиција, иако неговата наклонетост кон опозициските сили предизвика разнишување на односите во Алијанса за Албанците и поделеност на партијата на две крила – крилото на Таравари и крилото на Села.

На вчерашниот конгрес на Алијанса за Албанците се донесе одлука за укинување на функцијата претседател на Собрание на партијата, функција која ја има Зијадин Села. Тој пак, за утре има закажано конгрес, за разрешување на актуелниот претседател на партијата.