Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Обвинителството не постапува по кривичната од ВМРО ДПМНЕ за Спасовски оти веќе „работеле“на случајот

Кривичната пријава против Оливер Спасовски, поснедена од ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно ќе заврши во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичната пријава против Оливер Спасовски, поснедена од ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно ќе заврши во некоја од фиоките во Јавното Обинителство. Оттаму за Алфа велат дека нeмало да се оформи посебен предмет бидејќи за хаосот со личните документи веќе имале предистрага по иницијатива на граѓанин. Додаваат дека она што го добиле од опозициската партија единствено би можело да се припои кон предистрагата.

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува по претходно поднесена кривична пријава во врска со истите наводи. Во предметот веќе се побарани информации од надлежни институции. Дополнително поднесените пријави ќе бидат приклучени кон истиот предмет и обвинителството во целост ќе ги провери наводите, велат од ОЈО.

Ова отвора повеќе дилеми – зошто ОЈО досега молчело за целиот хаос и дали можеби се обидува да го заштити Оливер Спасовски со тоа што не отвора посебен предмет.

Реклама

Поранешниот државен обвинител Јовески никогаш не обелодени дека е оформен предмет за хаосот со личните документи. Очигледно и на неговиот наследник, Љупчо Коцевски не му се брза да отвори истрага, но затоа пак, на првиот работен ден тој формираше комисија за следење на изборни нерегуларности за што преку соопштение експресно ја информираше јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски бидејќи според нив министерството направило штета на граѓаните и издавало документи со невалиден рок.

Исто така, и до Уставниот суд се поднесени 5 иницијативи во врска со личните карти, возачките дозволи и пасошите. Иницијативите се однесуваат за периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење бидејќи некои сѐ уште се со важност, како и на правото на слобода на движење.

Поранешниот министер Спасовски веќе цел месец пропадна во земја. Тој последно се појави на владина седница, а претходно уверуваше дека граѓаните нема да бидат казнувани поради рокот даден во Преспанскиот договор на кој Македонија се обврза.