Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за Спасовски

ВМРО ДПМНЕ до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава за екс-министерот за внатрешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО ДПМНЕ до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава за екс-министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски. Пратеникот Јанушев рече дека Спасовски треба да одговара за измама на граѓаните, а од партијата сметаат дека предизвикал и штета на буџетот со издавањето на личните документи, иако знаел дека истите нема да се користат до крајниот рок на издавање.

„ Оливер Спасовски кој што кажував во својство на министер за внатрешни работи во период од околу 2 ипол години издавал лични документи кои што знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рок отколку што е ставен во документите туку истите ќе престанат да важат на 12.02.2024 година. Имено, тој овој период од 12.02.2019 па се до средината на 2021 година тој свесно и директно раководејќи со Министерството за внатрешни работи кои што впрочем ги издаваат овие документи нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета“, рече Јанушев.
Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава и да отвори истрага против поранешниот министер за внатрешни на СДСМ.
Новоизбраниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој даде свечена изјава во Собранието и вети транспарнтност и неслективност не одговори конкретно дали ќе има одговорност за измамата со лични документи.

„Во оваа прилика знам дека голем интерес на јавноста е за предметите кои се во тек и тие кои ќе се отворат. Но во денешниот ден, не би навлегувал во детали. Јавното обвинителство ќе формира предмети по поднесени пријави, кои по чуен глас ќе допре до јавниот обвинител и ќе нема селекција при гонење на кривичните дела. Ако има доволно докази, јавното обвинителство ќе поведе постапка“, рече Коцевски во првата изјава за медиумите.
Во меѓувреме Уставен досега оформил пет предмети поради личните документи, но ретседателката Добрила Кацарска рече дека не знаела кога ќе бидат ставени на седница. Иицијативите се однесуваат на периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење зашто некои уште имаат рок на важност, како и на слободата на движење која е ограничена.

Реклама

„Конкретно што е оспорено не можам да ви кажам, но времетраењето на документите кои имаат сè уште важност, ограничената слобода на движење на овој начин. Но, граѓаните мора да знаат дека слободата на движење не надлежност на Уставниот суд. Тука би нагласила дека политичарите ќе разберат зошто јас две и пол години бев силен поддржувач за уставна тужба. Ако го имавме овој институт, граѓаните ќе се обратеа за секое нивно барање, за секоја слобода и право. Се надевам дека сега ќе разберат, без да ме критикуваат, зошто јас барам измена на „Уставот“, рече Кацарска.
Таа напомена дека во однос на ситуацијата со личните документи, лично и како правник и судија не може да го каже своето мислење зашто е претседател на Уставниот суд.
Љубиша Владимиров