Реклама
Македонија

Антикорупционерите уште пред четири години предупредиле за штетноста од „стратешките закони“

Законот за стратешки инвестиции е совршено тло за корупција – Антикорупциската комисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за стратешки инвестиции е совршено тло за корупција – Антикорупциската комисија уште во 2020-та, годината кога е донесен, излегла со низа забелешки кои останале игнорирани од страна на Владата.

Правните недостатоци во законот поради отсуство на инструменти во однос на контролата во суштина доведува до ризик од корупција, а се манифестираат со недоволна отчетност и транспарентност на надлежниот орган за спроведување на законот, се вели во извештајот на ДКСК.

Клучна според антикорупционерите е предвидената тајност при договорањето на таканаречените стратешки инвеститори.

Реклама

-Висок степен на ризик од корупција и судир на интереси претставува и недефинирањето на процедура и услови и критериуми за избор на членови на оперативната група за секој поединечен стратешки инвестициски проект, велат од ДКСК.

Ова се потврди четири години подоцна. Скриените одредби и бројните замки во договорите дури сега излегуваат на површина.

Јавноста не може да дознае ништо за процедурата како за склучување на договорите. Не ги знаеме ни точно членовите кои биле дел од преговарачката комисија за четирите спорни стратешки инвестиции, ги нема подзаконските акти на Законот за стратешки инвестиции, а новинарите се соочуваат со проблеми да дознаат и какви мислења даваат институциите. На пример мислењето од Антимонополска комисија го добивме од Здружението на инженери, а Државниот Правобранител ја крие постапката оти не бил сигурен дека го прашуваат новинари.

Еден од најспорните договори е за изградбата на гаснта централа од Митилинеос. Законот ќе се применува како посебен со кој се исклучува примената на други закони.

Четирите инвестиции засега остануваат во Собранието, Владата одби да го повлече законот за Митилинеос и покрај низата критики од експертите, но и барањето на Министерството за економија тој да се доработи, особено во делот на државната помош од 50 милиони евра, кеш народни пари без Македонија да добие никаков удел во централата.

Кристина Алексиеска