Реклама
Прилози

Мицкоски: Власта на бегање подготвува криминални тендери за РЕК „Битола“ вредни 140 милиони евра

Нови два тендери, тешки преку 140 милиони евра, подготвува власта во заминување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови два тендери, тешки преку 140 милиони евра, подготвува власта во заминување во РЕК Битола, обеледени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, притоа нарекувајќи ја новата потенцијална зделка – епски криминал на ДИУ и СДСМ.

  • „Сега на бегање ќе распишат тендер за набавка и увоз на јаглен од шест милијарди денари што е еднакво на 100 милиони евра и ќе го доделат трендерот за ископ на јаглен и јаловина на омилената фирма на еден конзул на една источна земја, бидејќи овие се нели, Европски фронт, ама не им пречи кога ќе доделуваат вакви јавни набавки на конзули кои што се на источни земји и кои што имаат санкции од ЕУ во вредност од повеќе од 40 милиони евра, или близу со ДДВ околу 50 милиони евра“, – рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„За неколку месеци од денеска, јас лично ќе се занимавам со овие две јавни набавки и секој оној што ќе се осмели да стави потпис на нив, ќе биде изведен пред лицето на правдата и ќе си одговара“, – потенцираше Мицкоски, додавајќи дека тој повеќе нема да дозволи сиромашниот македонски народ и понатаму да биде ограбуван од овие, како што ги нарече, „политички криминалци во заминување“.

  • „Апелирам и ги предупредувам раководните лица од ЕСМ и од РЕК Битола, и сите оние кои што ќе стават потпис на овие јавни набавки дека ќе одговарсст за соучество. Да не дозволитер малкумина кои што ги полнат торбите со милиони народни пари и се подготвуваат за бегање после 8 мај да ве стават вас и вашите семејства во проблем. Оване е закана, ова е предупредување“, – кажа Мицкоски.

Инаку, Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на „Св.Трифун“ во Неготино и Кавадарци, каде оствари и средби со граѓаните од Тиквешијата.

Реклама

Каролина Дурло