Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

Велковски: По три години конечно ќе се одблокира процесот за полагање на лиценци за негователки и воспитувачки

Конечно ќе се одблокира процесот за полагање на лиценци за негователки и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно ќе се одблокира процесот за полагање на лиценци за негователки и воспитувачки. Над 900 кандидати речиси четири години чекат да бидат повикани и да се стекнат со ваква дозвола за работа во градинките. Причина за хаосот е неажурноста и незаинтересираноста  во изминатиот период. Иако договорот  со операторот којшто го врши лиценцирањето завршил, не е распишан нов повик за избор на нов, изјави министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски при денешната посета во Штип.

  „Се заглавени во еден процес на Министерството каде што нема избрано фирма која што ќе го прави ова лиценцирање и за жал, за тоа прашање никој не се заинтересирал наназад овие месеци. Овие луѓе од прилика над 900 вакви случаи од 2020 до 2023 се уште за жал чекат да бидат повикани и да се стекнат со лиценца за да може да влезат во еден процес на огласи и слично во самите детски градинки кај што ќе бидат распишани. Така што, ќе најдеме решение многу брзо„ изјави Ѓоко Велковски, министер за труд и социјална политика.

 Во изминатиот период не е водено грижа за пополнување на испразнетите места, па поради тоа има огромен недостаток од стручен и технички кадар во градинките, потенцираше Велковки. Според него ваква е ситуацијата во целата држава. На Штип му недостигаат околу шеесетина , од кои повеќе од половина се негователки и воспитувачки. Ова директно влијае врз воспитно-згрижувачкиот процес. Поради немањето на кадар, добар дел од децата не можат да се згрижат и се одбивани од градинка.

Реклама

   „Жалосно е што две години буквално молевме за најмладите генерации да го имаат основното право за воспитно-згрижувачки процес. Навистина се срамам да живеам во ваква држава во која ссе молиме да функционираме согласно законот„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип..

Министерот Велковски најави и решение за проблемот со струшките воспитувачки. Очекуват Министерството за финансии да даде согласност и конечно  се реши нивниот статус со што ќе заврши и долгогодишната голгота со која се соочувале вработените.