Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Зошто уште нема обвинение против петмината осомничени за убиствата на Ѓорчевски и Жежовски?

Претседателот Пендаровски, екс министерот Спасовски, обвинителот Бубевски, министерот Лога, сите вклучени во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот Пендаровски, екс министерот Спасовски, обвинителот Бубевски, министерот Лога, сите вклучени во процесот на екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо беа оптимисти за негово брзо враќање во Македонија, но засега неговото испорачување е еднакво на статус кво.

На Палевски во среда му истекува есктрадицискиот притвор, а досега правосудните органи во Турција не побарале ништо дополнително од Обвинителството, па се понеизвесна е одлуката на турските власти кога Македонија може да го очекува првоосомничениот за двојното убиство. Чудно е и зошто, ако како што соопшти ек-министерот за внатрешни работи Спасовски – случајот е разветлен, уште нема покренато обвинение и после толку време.

Постапката за екстрадиција се води преку надлежните органи на двете држави. Од страна на ОЈО Скопје се е завршено уште на самиот почеток, дополнително ништо не е побарано, велат од ОЈО.

Реклама

Ако Обвинителството ги испратило доказите, а Министерството за правда уредно барањето за есктрадиција и нема пречка Палевски да застане пред судот на македонската правда, одговорот кога тој ќе се врати дома и дали воопшто ќе се случи ексрадицијата, останува да го чекаме од Турција.

Од прва рака, челниците на накедонското правосудство ќе знаат што се случува со постапката за екстрадиција, со оглед тоа што во четврток, министерот Кренар Лога оди во официјална работна посета во Турција, а ќе го придружува обвинителот на организиран криминал Ислам Абази и претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

Од Министерство за правда брифираат дека посетата е одамна планирана каде министерот ќе оствари средби со тамошните правосудни челници, но едно од прашањата ќе биде и враќањето на Палевски во Македонија.

Првоосомничениот за двојното убиство на 14-годишното девојче и велешкиот фризер, се наоѓа во затворот во Баликесир во Турција, каде беше фатен во обид за бегство. Според турските прописи, таму може да биде задржан најмногу една година. Турските закони налагаат дека откако ќе завршат првите 40 дена екстрадициски притвор, може да му бидат доделени и нови 40.

Откако ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во притворско одделение, како што се постапувало и со сите предмети за екстрадиција, без исклучок, информираат од правда.

Освен Палчо, за двојното убиство зад решетки се уште пет лица. Еден од нив е таткото на малата Вања и адвокатот на Палчо што му помогна да избега. Останатите се сопартијци на Палчо кои тврдат дека тој е организаторот и убиецот на малата Вања и фризерот Панче, од кои се згрози целиот регион.