Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Каде и за што се трошат стотиците милиони евра за Бехтел и Енка?

Милиони евра за експроријација и истражување на земјиште и  ниту еден километар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милиони евра за експроријација и истражување на земјиште и  ниту еден километар асфалт –  ова го покажува извештајот од надзорот за прогрес на работите на коридор 8 и 10 д за периодот ноември – декември 2023. Три свечености, две табли, една дупка и над 230 милиони евра пари од граѓаните но, за што ?

Почнувајќи од април  минатата година на  сметката на „Бехтел и енка“ легнале 10 транши во различни суми, но на извештајот од вкупно осум страници за толку милиони, за работата на конзорциумот може да се видат само два графикона кои укажуваат за 58 проценти завршена експропријација и 67 % геотехнички истражувања.  Побаравме одговор од Владата, Министерството за транспорт и врски и од јавното претпријатие за државни патишта, но сепак не упатија на извештајот од извршена ревизија од надзорот:

Во периодот ноември и декември 2023 година, изведувачот продолжил да ги извршува главно работите за проектирање на експропријација, геотехнички истражувања, други претходни активности и спецификации на автопатот, се наведува во Извештај од надзор за прогрес на работите на коридор 8 и 10д

Реклама

Токму во овие два месеци биле исплатени над 50 милион евра (50.344.097)на „Бехтел и енка“.  За годинава ќе добијат нови 250 милиони евра, или половина милијарда за две години. Прашавме кога ќе биде исплатена првата транша и за што точно овие пари ќе се наменат, конкретен одговор не добивме, туку дека исплатата се вршела по доставување на таканаречена „ситуација за извршени работи“

Во однос на исплатата на првата транша ве известуваме дека таа се врши согласно со Програмата за финансирање на патна инфраструктура за Проектот Коридор 8 и Коридор 10Д за 2024 година со која се утврдува намената на средствата потребни за финансирање на патната инфраструктура за имплементација на Проектот .Исплатата на траншите се врши по доставување на таканаречена „ситуација за извршени работи“. Кога ќе биде доставена најновата ситуација ќе се пристапи кон исплата на првата транша за оваа година, велат за Алфа од Јавното претпријатие за државни патишта.

Во извештајот од надзорот конечно видовме и дел од она што се планира да се направи, но тоа не е сепак финално , можело да подложи на промени. Предвидени се 24 подвозници, 34 надвозници и 4500 метри во мостови, но ништо од ова не е почнато да се гради. 

Предвидувањата беа дека коридорите ќе чинат околу 1.3 милијарда евра, но според тоа како сега се одлеваат милиони се чини, изградбата ќе чини многу повеќе . За експропријација се проценети околу 300 милиони евра, која и таа не е сеуште завршена, според истата земјиштето ќе се купува по пазарна цена која се пресметува врз основа на данокот на имот што го плаќа сопственикот на недвижнината.