Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

За синдикатите и опозицијата законот за администрација е поразителен, министерот Aлиу ги отфрла сите забелешки

Под параванот на европско знаменце се кратат платите на административците .Новиот закон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под параванот на европско знаменце се кратат платите на административците .Новиот закон за административни службеници кој е во собраниска процедура ќе им ги намали примањата за 2500 денари од март годинава , алармираат синдикатите.  Проблемот е што се укинува минималецот од пресметката за плата, а Владата за ова донела  одлука сама без притоа да разговара со синдикатот. Забелешките од ССМ наидоа на поддршка од пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, која денес ги прими на средба но мнозинството во Собранието очигледно нема слух.

ВМРО – ДПМНЕ подготви 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 се однесуваат на законот за административни службеници, меѓу кои и амандманот на ССМ, но мнозинството ги одбива. Според техничкиот заменик министер Стефан Андоновски законите немаат никаква поврзаност со европските критериуми. Тој своите забелешки не можел да ги каже во Владата, оти не бил повикан на седница

Министерот Азир Алиу како предлагач на законот пак не се согласува со ниедна забелешка. Тој тврди оти законите биле разгледувани со години, низ широка дискусија , тврди  дека немало намалување на платите

Реклама

Законот за административни службеници најверојатно ќе се гласа во пакет со останатите закони за регулирање на државната админситрација. Останатите три исто ќе се разгледуваат секој по два дена во комисијата за европски прашања пред да бидат испратени на финално гласање на Пленарна седница.