Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Самоволието на ДУИ низ годините остана неказнето – Се возеа со службени автомобили на партиски настани, пушеа по канцеларии

Тенка е линијата за тоа, каде завршува партијата, а каде почнува институцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тенка е линијата за тоа, каде завршува партијата, а каде почнува институцијата и јавната служба кога станува збор за Демократската унија за интеграција. ДУИ очигледно тешко прави разлика. Тие, откако во 2001та година пукаа по македонските институции, сега ги користат како приватен имот. За прославување на родендени, дружби и спорт, а државните возила и гориво, за приватни патувања.

Последен пример беше вчершана прослава на партиското раководство во собранието, каде со пури и виски во рака, го прославија крунисувањето на двете децении владеење со технички премиер од нивите редови.

На интегративците очигледно им се погодија институциите за песни и прослави, па така, лидерот Ахмети реши да го прослави својот 65ти роденден со жива музика во министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Јавноста можеше да го види како пее во просторија толку полна со чад од цигари, што навидум, дури и видео снимката како да мирисаше на изгорен тутун.

Реклама

Владиниот кабинет за специјалниот, така наречен – „прв вицепремиер“ Артан Груби, на неговите сопартијци им се погоди и за спортска рекреација. „Дрим тим. По еден долг и предизвикувачки ден, анти-стрес забава за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден!“ – пишуваше на фејсбук профилот на Груби.

На интегративците очигледно им се погодија и меките седишта во службените автомобили и шоферите платени од државата. Нивната долга историја на злоупотреба на државни возила во партиски и приватни цели повеќе пати ја докажаа пред јавноста. Државните возила кои си ги доделиле редовно се гледаат пред партиските штабови, на партиски митинзи, па и на журки, како онаа за годишнината од потпишувањето на рамковниот договор.

Никола Цветкоски