Реклама
Прилози

Македонија загрижувачки се празни- граѓаните бараат спас надвор од катастрофалните услови дома

Недовербата во системот, корупцијата, неможноста за соодветно професионално докажување, ова се најчесто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недовербата во системот, корупцијата, неможноста за соодветно професионално докажување, ова се најчесто причините поради кои младите луѓе, но и цели семејства масовно се иселуваат и ја напуштаат државата. Илјадници веќе си заминаа, а уште толку се на таква мисла.  Дека животот во странство би им бил подобар отколку дома, така размислуваат и граѓаните на средна возраст. Велат и тие би заминале, но годините им се пречка.

Мојот син е во Белград. Овде не можеше да се вработи, со Музичка академија, па замина. Гледате каква држава сме? Без закони! Да можам и јас би избегала, ама годинините ме притиснаа „ коментира штипјанка.

  „Јас сум медицински лаборант, ама работам како хегиеничарка. Не успеав да се вработам на струката. Да можев и јас ќе избегам,ама сега веќе е доцна„ вели друга граѓанка.

Реклама

Стартот на второто полугодие уште еднаш, јасно ја покажа сликата на “егзодусот” со кој се соочува нашата држава. Училиштата се празнат. Истокот остана без 120 ученици, а Гостивар со 200помалку.  Речиси и да не останаа семејства во кои барем едно од децата се во странство.

  „Јас имам син, снаа, таму ми се роди и внука. Многу им е убаво, не верувам дека ќе се вратат. Јас имам роднини во странство. Си ги средија документите, цели семејства си заминаа. И купија куќа за кратко време, а ние овде едвај животаркаме„ велат анкетираните граѓани.

Ова полугодие Кочани го започна со 64, а Штип со 50 помалку. Во останатите помали општини во регионот  како Каменица, Зрновци, Делчево или Виница  нема регистрирано иселување на ученици и нивните семејства. Според граѓаните ова се должи на фактот што голем дел од работоспособното население одамна е веќе иселено. Само минатата учебна година во  основното училиште во беровското село Русиново се издадени 19 исписници   на родители кои заедно со своите семејства се иселиле од Македонија.

Александра Ристевска