Реклама
Прилози

Скандалозен молк на институциите за апелите на службите од Националниот парк Галичица

Крајно неодговорно,министерството за транспорт и врски две години ги игнорира барањата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крајно неодговорно,министерството за транспорт и врски две години ги игнорира барањата на Планинарската спасувачка служба и Националниот парк Галичица за поставување на физичка забрана односно рампи на патниот правец Охрид-Преспа преку Галичица кој во зима е многу ризичен,поради длабоките наноси на снег. Поради некоординиранoст на институциите, иако е затворен за сообраќај, несовесните граѓани го користат патот кој не е безбеден и остануваат заглавени -вели раководителот на Планинарската спасувачка служба, Антонио Додевски.

Бараме поставување на физички бариери, дури во последното писмо од минатата година наведовме дека ние ќе ги поставиме ,на наш трошок ќе бидат само за да не ги правиме овие тошоци за извлекување на возила. За жал од министерството немаме никаков одговор ,значи нити може нити не може.Два пати по ред и 22-ра и 23-та испраќаме писмено барање,не се одважуваат нити да ни одговорат –вели  Антонио Додевски

Наместо да биде ставен на приоритетна листа за одржување во зима,никој не се грижи за овој пратен правец,останува ние да се занимаваме со извлекување на заглавените, некогаш поминувајќи и по 90 километри-истакнува Додевски,етиката вели не ни дозволува да оставиме луѓе заглавени на 1650 метри надморска височина.Од почетокот на годинава до сега имале 11 интервенции на заглавени возила.

Реклама

 Нема никаква реакција и за жал да бидам искрен се чувствуваме злоупребени и искористени не само од оние кои што се несовесни и не ја почитуваат патната сигнализација, туку и од државните институции кои на крајот се прогласуваат за ненадлежни и единствени сме ние кои одиме да импровизираме,да извлекуваме возила, да правиме работи кои што апсолутно не се во наш домен-истакнува Додевски.

Поради ваквата состојба на патот голем број туристи кои сакаат да уживаат во убавините на Галичица, разочарани се враќаат назад. 

-Има има и 20 и 50 см ево тука на лице место каде што се наоѓаме не може да помине ни едно патничко возило.На некои места каде што има нанос и е замрзнато,ризичен е патот? Да, да ризик е нарочито во утринските часови или вака во касните попладневни часови,поледици се создаваат може да дојде со несакани незгоди, вели Ѓорѓи Траески од село Љубаништа.

Иако и тоа како е голем бројот на рекреативци кои уживаат на падините на Галичица, според пресметката на државните претпријатија економската исплатливост на овој патен правец била неоправдана, односно бројот на возила кои што според нивната проценка се движат во зима,не соодветствувале со сретставата кои треба да се инвестираат за зимско одржување на патот-ова бил изговорот со кој настапувале управата на Н.П.Галичица

Росица Голабоска