Реклама
Прилози

Мицкоски ги промовираше членовите на техничката Влада: Главна цел спречување изборна кражба, предизборен поткуп и злоупотреба на полицијата

Спречување на изборна кражба, предизборен поткуп и злоупотреба на полицијата. Тоа ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спречување на изборна кражба, предизборен поткуп и злоупотреба на полицијата. Тоа ќе бидат главните цели на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, а дека ќе имаат тешка битка им порача и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. На дебатата насловена „Важно е да има фер избори“, кажа дека предложени се пет професионалци .

За прес центарот на кој што го водат Зечевиќ Маричиќ, т.е. СДСМ еден Артан Груби и Бујар Османи се поприфатливи да речам од Стефан, од Цветан, од Панче, од Елена, од Ѓоко, а сите тие заедно немаат ни половина од тоа што го имаат сите овие овде поединечно.  Ценам дека имаме тим од пет луѓе професионалци, кои што овие 100 дена убеден сум дека ќе дадат се од себе за да обезбедат колку толку кредибилен процес, да го одбранат гласот и волјата на народот.

Панче Тошковски кој ќе влезе во  министереството за внатрешни работи, ќе се обиде да спречи,  полицијата да се користи за уцени во предизборни цели. Од неговипт претходник ќе го наследни проблемот со вадењето на личните документи со новото уставно име. Најави  дека ќе бара решение за хаост со пасошите.

Реклама

-Еден од првите чекори кои што ќе ги направам во рамки на Министерството е тоа што ќе предложам измени на законот за патни исправи со кои што ќе го пролонгирам рокот, ќе предложам да се пролонгира рокот за важење на истите.

Ѓоко Велковски  кој ќе биде прв човек во труд и социјала си даде цел да ја спречи  манипулацијата со  најсиромашните, но и најави дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поработи многу повеќе за обичниот човек.

-Повеќе од мислам 600.000 граѓани кои што живеат со само замислете 150 денари на ден. 150 денари денес да преживее некој во нашава држава е незамисливо. Жално е кога збориме за ваква сума на пари да има некој во џеб. Меѓутоа, податокот кој што го имаме ние, односно кој што е јавен е дека од овие над 600.000 граѓани дури 30 проценти се млади луѓе, односно луѓе до 18 годишна возраст кои што имаат помалку од 150 денари.

Стефан Андовски ќе треба да ги контролира евентуалните предизборни вработувања. Тој вели дека состојбата во ова поле е и повеќе од проблематична.

-Тоа што ќе беше тивко полнење на шест години, прерасна во епидемија на вештачко полнење на администрацијата, значи експлодираа бројките. Замислете во конкурст распишан пред неколку дена, се бараат 60 лица да бидат вработени во СОЗР. 355 лица се бараат во ЈП Македонски шуми. 82 лица треба да бидат вработени во Матично, 61 во колабираниот Фонд за здравствено осигурување.

Елена Петрова која ќе биде заменик во финансии, најави дека идната власт мора многу повеќе да работи на економскиот раст на државата.

-Не се подобри квалитетот животот на граѓаните, свесни сме, сите гледаме цените растат, се зголемува стапката на сиромаштија, не се подобри деловното опкружување на компаниите. Нема раст на економијата, нема отворање на нови работни места, нема квалитетна работна сила. Имаме само фалби од Владата.

Трипуновски  кој ќе му биде заменикна Љупчо Николовски рече дека знае со што ќе се сочува во 100-те дена од техничката влада и упати апел до министерот веднаш да ги стопира повиците преку кои сака да манипулира со земјоделците за изборни цели.

-Сведоци бевме да имаме нерамноправна распределба на земјоделското земјиште и земјиште кое што се делеше на фамилијата, односно блиски луѓе до министерот Николовски, до премиерот претходен Заев, Ковачевски итн, а не на вистинските земјоделци, кои што се желни да егзистираат од оваа гранка.

Техниките министри и нивните заменици ќе функционираат по системот врзан потпис. Секоја одлука ќе мора да добие амин од министерот и заменикот, со само едне потпис било што  е неважечко.

Матеја Петровски