Реклама
Прилози

Кои се најчестите причини поради кои младите ја напуштаат државата?

Недовербата во системот, корупцијата, неможноста за соодветно професионално докажување, ова се најчесто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недовербата во системот, корупцијата, неможноста за соодветно професионално докажување, ова се најчесто причините поради кои младите луѓе, но и цели семејства масовно се иселуваат и ја напуштаат државата. Илјадници веќе си заминаа, а уште толку се на таква мисла. Дека животот во странство би им бил подобар отколку дома, така размислуваат и граѓаните на средна возраст. Велат и тие би заминале, но годините им се пречка.

  • „Мојот син е во Белград. Овде не можеше да се вработи, со Музичка академија, па замина. Гледате каква држава сме? Без закони! Да можам и јас би избегала, ама годинините ме притиснаа„ коментира штипјанка.
  • „Јас сум медицински лаборант, ама работам како хегиеничарка. Не успеав да се вработам на струката. Да можев и јас ќе избегам,ама сега веќе е доцна„ вели друга граѓанка.

Стартот на второто полугодие уште еднаш, јасно ја покажа сликата на “егзодусот” со кој се соочува нашата држава. Училиштата се празнат. Истокот остана без 120 ученици, а Гостивар со 200помалку. Речиси и да не останаа семејства во кои барем едно од децата се во странство.

  • „Јас имам син, снаа, таму ми се роди и внука. Многу им е убаво, не верувам дека ќе се вратат. Јас имам роднини во странство. Си ги средија документите, цели семејства си заминаа. И купија куќа за кратко време, а ние овде едвај животаркаме„ велат анкетираните граѓани.

Ова полугодие Кочани го започна со 64, а Штип со 50 помалку. Во останатите помали општини во регионот како Каменица, Зрновци, Делчево или Виница нема регистрирано иселување на ученици и нивните семејства. Според граѓаните ова се должи на фактот што голем дел од работоспособното население одамна е веќе иселено. Само минатата учебна година во основното училиште во беровското село Русиново се издадени 19 исписници на родители кои заедно со своите семејства се иселиле од Македонија.

Реклама

Александра Ристевска