Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Профили на техничките министри: ВМРО-ДПМНЕ избра докажани кадри за спречување на предизборен поткуп и злоуптреба на полицијата

Панче Тошковски предлогот за министер за внатрешни работи- долгодишен адокват и магистер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Панче Тошковски предлогот за министер за внатрешни работи- долгодишен адокват и магистер по кривично право и криминологија на Јустинијан Први, моментално претседател на републичката правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓоко Велковски предлогот за министер во труд и социјала- долги години работел   токму во тоа министерство, а од 2021 до 2023 беше и секретар во Град Скопје, а во моментов е раководител на секторот за поддршка на градоначалникот на Гази Баба.

Според познавачите токму предлозите за министри во техничката Влада се тие што треба да спречат злоупотреба на полицијата и поткуп на најсиромашните во предизборниот период.  

Реклама

-Зошто токму во основа труд и социјала и внатрешни, затоа што неретко полицијата знае власта да ја искористи за вршење притисоци, за можеби одредени приведувања и одредени злоупотреби. Труд и социјала, сите оние мерки кои актуелнава власт проба во изминативе со законски одредби да ги направи, значи делење своевидни пакети, разно разна помош и своевидна форма на поткуп на пред се сиромашното население, изјави Андоновски.

Тројцата предлози на опозицијата за дополнителни заменици министри се Стефан Андоновски, Елена Петрова и Цветан Трипуновски.

Андоновски ќе биде во информатичко општество е докторанд на “Јустинијан Први” и магистер по меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД. Пред политичкиот ангажман, пет години работел во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми.

Петрова која ќе заменичка во финансии е дипломиран економист со над 25 годишно работно во Управата за јавни приходи. Седум години била управник во Дирекцијата за големи даночни обврзници. Осум години работела и во приватниот сектор, а во моментот е заменик претседател на Работното тело за имплементација на Даночен информациски систем во УЈП.

Трипуновски кој ќе биде заменик во земјоделие беше на истата позиција и претходанта техничка Влада, а бил советник во тоа министерство, од 2015-та до 2017-та бил директор на Државниот земјоделски инспекторат, од 2008-ма до 2012-та бил и пратеник во Собранието. Пред седум години бил и дел од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментов е прв човек на партиската комисија за земјоделство.

Според Ристевски тие треба да спречат обид за поткуп земјоделците и партиски вработувања во предизборниот период.

-Пример еве сега е форма на еден куп вработувања во очи изборите, кој ќе го оптеретат нели буџетот, севкупното општество, севкупниот систем, а уште поактуелно, претпоставувам до утре ќе биде актуелно, тоа е можноста за разно разни префрлања кадровски, остстапувања, преземања на вработени, изјави Ристевски.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ ги предложија овие имиња во Владата, бидејќи тоа е нивна законска обврска, иако лидерот на опозицијата кажа дека веќе нема потреба од тој механизам. Од партијата соопштија и дека нема да гласаат за Влада предводена од Талат Џафери, бидејќи според нив, тој немал легитимитет за таа позиција.

Матеја Петровски