Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Фронтот на СДСМ и ДУИ во паника дека ВМРО-ДПМНЕ ќе „згази“ на изборите

Голема паника кај СДСМ и ДУИ. Со молењето кај странците за заеднички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема паника кај СДСМ и ДУИ. Со молењето кај странците за заеднички настап на изборите и со другите помали политички партии од албанскиот политички блок, покажуваат дека кај власта постои страв, дека покрај веќе се поизвесниот пораз, ВМРО-ДПМНЕ може сама да освои над 60 пратеници, сметаат познавачите. Во таа насока Ковачевски и Ахмети решија среде Скопје да ги молат Албин Курти и Еди Рама, предизборно во нивниот блок да ги вклучеле и Арбен Таравари, но и Мендух Тачи, Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи.

Новинарот Дарко Јаневски за Алфа вели, СДСМ се плаши од можен дебакл на парламентарните избори, особено кандидатот за претседател на опозицијата однесе победа во првиот круг.

-Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, расположението е такво ќе победи без поголеми проблеми. Прашање е каква атмосфера, се се врти околу тоа каква атмосфера ќе се создаде, по првиот круг на претседателските избори. Ако разликата биде голема во едно еуфорично расположение, СДСМ може да доживее катастрофален пораз, изјави Јаневски.

Реклама

Поради тоа власта ќе се обиде со секое можно сценарио, да спречи стабилна Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ. За што помал поразт СДСМ и ДУИ покрај заеднички настап на парламентарните, бараат и поддршка за ист кандидат за претсдател.

Сепак проблем е одлуката на здружената албанска опозиција да оди со свој кандидат на изорите, што може да влијае негативно на ДУИ, поради опасноста сите гласави на албанското гласачко тело да се канализираат кај кандидатот на опозицијата. Вакво сценарио би претставувало ветер во грб за Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши на само две недели пред парламентарните избори.

-Опозицијата албанска најави дека ќе кандидира и ДУИ се плаши дека ако не кандидира свој кандидат, тоа може негативно да им се одрази на парламентарните избори за нив. Од друга страна ако кандидираат, тоа е сигурен пораз за кандидатот на СДСМ, од тука е тој притисок албанската опозиција да не кандидира свој кандидат за претседател за да му се олесни на ДУИ, изјави Јаневски.

Инаку, извор за Алфа вели дека Пендаровски и Ковачевски молеле во прв ред кај Албин Курти, да ја натера албанската опозиција да не кандидира свој кандидат, со цел ДУИ да го поддржеле актуелниот претседател. Пендаровски дури и се заканил дека ако нема широка поддршка немало да се канидидира на изборите.

Според, познавачите со цел власта да спаси што може да се спаси од нејзиниот рејтинг кој е во слободен пад, се користи и наредниов период ќе се користи и своите привезоци во невладиниот сектор, како и медиумска поддршка на оние мали партии, како што е примерот со Нова Алтернатива, која од рацетена Ѓорги Оровчанец, премина кај Данела Арсовска. Целта на овие потези е да се оневмозможи ВМРО-ДПМНЕ да формира стабилна Влада по осми мај.

Матеја Петровски