Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Влатко Орданоски го фати светиот крст во Прилеп

24-годишниот Влатко Орданоски беше најсреќниот меѓу 124-те пријавени верници кои во Прилеп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

24-годишниот Влатко Орданоски беше најсреќниот меѓу 124-те пријавени верници кои во Прилеп скокнаа по Светиот крст кој беше положен во базенот од х. “Салида”. Тој досега по Крстот скокал три пати, а годинава првпат му се насмевнала среќата и да го фати. Инаку, младиот Влатко веќе две години живее и работи во Германија, а годинава се вратил во родниот крај специјално за празникот, со намера уште еднаш да си ја проба среќата.

  • „Моментално живеам две и пол години во Германија. Редовно си идам за Бадник, Божик, Велигден, и за Водици, нормално. Еве, трет пат се фрлам за Крстот и оваа година ми беше најсреќна. Сега го фаќам првпат. Јас си планирам во следните 7-8 години да се вратам секако, а може и побрзо, здравје Господ. Сега верувам во Господ многу, еве баш и вчера си ја купив Библијата, сакам да ја прочитам и здравје Боже, наскоро сакам да си се вратам и тука“, – ни рече Влатко Орданоски.

Традиционално, среќниот пронаоѓач на Крстот, со пригодни награди беше даруван од ЛС и од неколку општествено-одговорни компании.

„На сите присутни, на сите мои сограѓани, им гхо честитам денешниот голем хтристијански празник „Богојавление“. Бог се јави – Водици. Ѐ Воедно и на среќниот наоѓач на Крстот – Влатко, му посакувам среќа, здравје, бериќет во неговото семејство и во семејствата на сите наши присутни христијхани, како во градот, така и во Република Македонија“, – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Реклама

Инаку, денеска во Прилеп на повеќе места се положуваше Светиот крст, а втора година и во Плетварското езеро. Интересот на верниците секаде беше голем, па така, меѓу сите 124 кои денеска скокнаа во базенот, на централниот настан во хотелскиот базен, имаше и 14 девојчиња.

Колку за потсетување, последен пат, Светиот крст во базентските води беше положен во 2020 година, а потоа заради Короната, две години, односно се’ до годинава, Крстот се положуваше во малиот црковен базен од Црквата “Св.Благовештение”.

Каролина Дурло