Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Владата оди контра Уставот –  Сака сама да тужи, казнува и замрзнува имот

Обвинител, судија и џелат – Владата сака да биде над Уставот, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинител, судија и џелат – Владата сака да биде над Уставот, а и над сите институции. Предлог – законот за санкции иако е во спротивност со основните начела за поделба на власта и за презумпција на невиност, го мина филтерот на Илинденска и оди во Собрание, и покрај негативното мислење од Министерството за правда, противењата на експертската фела и предупредувањата на бизнис заедницата.

Со измените на законот за рестрикции, црните листи на САД и на Обединетото кралство ќе и овозможат на  Владата да биде и кадија и судија покрај за физичките лица и за компаниите.

Бизнис заедницата ова го оценува како ставање на државата над судот и правото, а дел стравуваат дека „делењето правда“ ќе биде селективно.

Реклама

Доколку овој закон не се применува целосно и не е сеопфатлив и доколку е селективен проблемите уште ќе се продлабочат, а не да е средат , бидејќи целта на овој закон е да се идентификуваат тие кои што нелојално и неетички се дел од пазарот и го нарушаваат екосистемот на водење бизнис. Доколку овој закон не се применува како што треба, сметаме дека проблемите ќе бидат уште подлабоки, целта е кога еден нов закон се донесува и има промени на постоечки закон, тие треба да решат проблем а не да ја отежнуваат ситуацијата, рече Дурим Зекири , извршен директор на северозападна комора

Според Зекири, треба многу да се внимава и да се консултира бизнис заедницата пред било каков нов закон кој ја засега економијата да стапи на сила . Ова покажува дека работата која институциите требало да ја завршат дома ја „бркаат“  меѓународните институции

Сметаме дека работата која нашите институции за жал но и за наша среќа ја вршат амбасадите и другите меѓународни институции што покажува дека институциите во нашата земја не ја вршат работата бидејќи фалат кашацитети или иницијатива . Предлог – законот ќе треба сеопфатливо да се применува , што значи дека не треба да се дозволи да се амнестираат некој субјекти, а други да се пенализираат или да бидат дел од тоа што овој закон го опрфаќа, доколку делумно се применува овој закон, рече Дурим Зекири , извршен директор на северозападна комора

Со предлог измените кои добија „амин“ од Илинденска , Владата се става над Уставот и правото.  Од Стопанската комора на Македонија, претходно посочија оти законот е избрзан и согласни се дека може да предизвика нефер третман кон компаниите

Експертите во најголем дел мислат е едноставно убрзано преврлање на одлуки, излегува од нашиот систем, излегува надвор од нормалната регулатива за една држава и некако наликува на прекисуд, без судски процес, докажување на постапките одредени субјекти можат драмитично да бидат повредени , никој не е тука да ги штити правата на оние кои се огрешиле, рече Антони Пешев – Извршен директор на Стопанска комора

Власта не ги слуша ни сопствените институции. Министерството за правда уште во декември посочило оти ваквите измени на Законот не се во согласност со Уставот и казненото право  и ги повредува уставните одредби . Министерството останало воздржано и преупредило оти е неопходно за обвинетиот да се докаже вина, а не без доказ да се спровеат рестриктивни санции. Наспроти ова Министерството за надворешни работи како предлагач на законот се правда оти не било ништо спорно туку само надополнувале постоечки закон кој ќе помогнел за стабилноста и борбата со копрупцијата.