Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Сиромашни работници, богати функционери – протестите остануваат единствениот механизам за борба за повисоки плати

Незадоволството на работниците се поголемо , сметките на функционерите се подебели Револтирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Незадоволството на работниците се поголемо , сметките на функционерите се подебели Револтирани граѓани на улица погласни од било кога ,   властите во удобни фотељи  најтивки досега. Протестите и штрајкови, борба за   подостоинствен живот во Македонија продолжува и во Новата Година.

Потпишувањето на општиот  колективен договор  требаше да ги подобри работите,  но ако и функционерите изразеа позитивна волја да бидат на исто ниво со работникот . За тоа да се случи тие треба да си ги намалат платите , ама им текна дека им биле потребни седум закони кои никако да бидат предложени.    Додека контото на функционерите растеше,работниците беа на улица и се уште не добија достоинствени плати – револтот очекувано се крена на максимум . Во сојузот на синдикати на Македонија постојано пристигнуваат поплаки за прекршување на работничките права

Од конфедерацијата на слободни синдикати пак сметаат дека во потпишувањето на колективниот договор бил „ каменот на сопнување “.Она што предизвикало проблем е тоа што не се решиле системски работите, односно некаде имало лиенарно усогласување, а некаде не и затоа сметаат дека 10 отсто покачување за сите предизвикало неправда .

Реклама

Дека на сите ќе им дојде преку глава беше и повеќе од  очигледно.  Протестираа сите судови, обвинителства, управата за јавни приходи , вработени во царинската управа , фондот за здравствено осигурување ,здравствените работници . На администрацијата во судскиот совет им беа укинати додатоците за плата од март годинава поради покачените плати на судиите . За прв пат откако е основана институцијата, на протест излегоа и вработените од Народниот правобранител.  Револтот на административците кулминираше откако вицепремиерот Фатмир Битиќи порача дека не било проблем да се зголемат плати, ама граѓаните не добиваат соодветни услуги.  За волја на вистината, од минатата година до сега се покачи просечната плата – ама кој ја зема ?  Покачување имаше и кај минималецот , но го  изеде инфлацијата .  Што не чека догодина ?

Изборите се на врата, а тоа значи дека можностите за преговори со новата Влада се скратуваат  , се поставува прашањето дали до стартот на техничката Влада ќе се направи нешто за подобрување на животниот стандард ?

2023 ја почнавме со криза и барајќи начин како да се излезе од истата . За 2024 дури и борците за работнички права кои имаат спротиставени ставови се согласуваат – нема да биде лесно и многу е веројатно дека нема да биде подобро . Сликата рој од незадоволни граѓани ќе продолжиме да ја гледаме по улиците се додека навистина не се слушне и не се испочитува гласот на работникот.