Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Кој е обвинителот што се согласи на условна за еден од бандата на Незири што упадна во М-НАВ?

Мек како памук или снаодлив обвинител што знае како да обезбеди докази…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мек како памук или снаодлив обвинител што знае како да обезбеди докази онаму каде што се потребни, што е Наум Паноски, охридскиот обвинител чија кариера вртоглаво расте во последната деценија.

Деновиве се актуелизираше неговото име откако медиумите обелоденија дека се согласил на условна осуда за Ерсен Сали поранешниот фудбалер од бандата на Беким Незири што упадна во конролната кула. Но, тврдоста на орев ја покажа во предметот за упадот во Собраниео од 27 април, а за тоа сведочат дел од обвинетите кои лежат во затвор.

Реклама

Дури и да нема доволно докази, Паноски може да ги најде, сведочи Христовски, осудениот од 27 април на 13 години затвор кој одбил домашен притвор, но одбил и да лаже.

Кога станува збор за Ерсен Сали, еден од напаѓачите од контролната кула, иако бил осуден на една година затвор за тешки дела против безбедноста, сепак Паноски одлучил да се согласи на условна осуда.

Сали заедно со брат му и уште неколкумина пукале во деловен простор, а при претресите било пронајдено и автоматско оружје, но тоа не било доволно обвинителството да инсистира на затворска казна. Доколку системот на потфрлил пред две години, фудбалерот Сали веќе ќе беше зад решетки.

Наум Паноски доаѓа од Охрид. За првпат е избран за обвинител во 2003. Во охридското обвинителство останува 10 години, а во 2013 се префрлува во Обвинителството за организиран криминал. Оттаму, пред речиси три години тој станува дел од Скопското вишо обвинителство и како јаготка на шлагот, Пановски од пред Нова година е дел од Републичкото обвинителство.