Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Транспаренси Интернешенл: Јавното обвинителство најслабата карика во борбата против корупцијата

Македонија останува заробена држава, со институции без интегритет, во која наместо оставки,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува заробена држава, со институции без интегритет, во која наместо оставки, функционери се унапредуваат или продолжуваат да шефуваат. И третиот извештај за национален интегритет на институциите од Транспаренси интернешнл ја покажува катастрофалната состојба во државата. . Според истражувањето, од 2016та досега, нема подобрување.

  • „Не се постапува ниту по извештаите на државниот завод за ревизија. По такви лоши извештаи треба да паѓаат оставки и функцинерите да не се таму каде што се, откако ќе добиете лош извештај. Не се постапува по извештаите на државна комисија за спречување корупција ниту во владата. Колку прашања поставија за судир на интереси. Тука пред се, се ставаат нечии тесно партиски и лични интереси, над интересите на државата.“ – Порача Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“.

Таа додава дека највисок интегритет имаат независните институции. На прво место се најде државниот завод за ревизија, по него се комисијата за спречување корупција и народниот правобранител, додека пак на дното се јавното обвинителство и институциите кои треба да го спроведуваат законот.

  • „За жал, оние кои најмногу треба да покажат капацитет и потготвеност, почнувајки од интегритетот и подготвеноста во борбата против корупцијата, едно од најслабо оценети, односно најслабо оценет столб. И службите за спроведување на законот, а тука се и судовите, кои што исто покажуваат многу слаби резултати.“ – Додаде Тасева.

Претседателката на антикорупциска во заминување, Билјана Ивановска, чија институција се најде на високото второ место на интегритет во извештајот, решението за борба против корупцијата го гледа во упорност и притисок од секој еден во општеството.

Реклама
  • „Како понатаму? Неуморно. Мора да се продолжи, мора да се прави притисок и од независните институции, кои што со своите препораки и иницијативи се обраќаат до останатите институции, но и од вас медиумите како глас на народот, јас вас ве чуствувам како 8ми член на државната комисија за спречување корупција. Мораме сите заедно да правиме притисок и професионализмот да дојде до израз.“ – Порача Билјана Ивановска од ДКСК.

Според истражувањето на транспаренси интернешнл, најмал интегритет во државниот апарат имаат токму оние институции кои се под директно влијание на политиката, односно со нив раководат исклучиво партиски, а не професионални кадри.

Никола Цветкоски