Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Пендаровски со паушални изјави дека Палчо за брзо ќе биде екстрадиран во Македонија

Нема пречка од безбедносен и разузнувачки карактер за екстрадицијата на Љупчо Палевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема пречка од безбедносен и разузнувачки карактер за екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничениот за убиство на малата Вања и велешкиот фризер Жежовски, но ниту Министерството за правда има информации кога турските колеги ќе стават амин на папирологијата и тој ќе застане пред правдата на македонските судови.

Шефот на државата Пендаровски очекува екстрадицијата на Палевски да се случи за брзо бидејќи се останати само технички работи, но тој освен информации од безбедносен карактер не може да знае колку време ќе трае постапката бидејќи зависи од повеке фактори. Соработката на двете министерства за правда во Турција и во Македонија е еден од главните фактори за времетраењето на екстрадицијата, но зависи и од роковите за жалби кој осомничениот има право да ги користи. Од македонското министерство велат дека екстрадицијата ќе биде за брзо, но не прецизираат Палевски би стигнал дома.

Во овој момент постапката за екстрадиција ја водат секторите за межународна правна помош при Министерството за првада на МАкедонија и министерството во Турција. Засега нема никаква нова информација оттаму и не знаеме кога би можело да се случи испорачувањето на лицето Љупчо Палевски, велат од Министерство за правда.

Реклама

Од она што засега е познато, Турција нема да условува со испорачување на ѓуленистите од Македонија во замена за Палевски, а исто така ниту тој ќе бара политички азил како лидер на партија. Со оглед НА ОВА, екстрадицијата ќе зависи од одлуките на судовите во Турција како и од парафот на тамошниот министер за правда.

Претходно, правни експерти посочија дека освен барањето за екстрадиција и докази, многу битен дел е одлуката на турското Министерствот за правда. Пред да потпише министерот, одлучува министерскиот совет чии членови треба да дадат согласност за Палевски да може да се врати дома. Тој сега е во екстрадициски притвор во Турција во траење од 40 дена.

Палевски ја напуштил Македонија на 30 ноември и преку Србија и Бугарија избега во Турција каде беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир. За двете убиства осомничени се шест лица, петммина се во притвор меѓу кој и Александар Ѓорчевски, таткото на свирепо убиеното девојче.