Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Правниците зачудени за небулозната одлука на судот за бандата на Незири

За грам марихуана Норвежанка заврши 30 дена во Шутка, за кафанска тепачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За грам марихуана Норвежанка заврши 30 дена во Шутка, за кафанска тепачка одредена иста мерка, ама за бандата на Беким Незири нема докази за да заврши во притвор, Ваквата скандалозна одлука на заменик претседателот на судот, Пајазит Пајазити, ја шокираше правната фела која сведочи за небулозни притвори за дела за кои се предвидени помали казни, а во овој случај имаше само одземање на пасоши.

Честопати и без сослушување на осомничени во обвинителство, судијата на претходна постапка одредува притвор, но нема владеење на правото ако за едни судот е мајка, за други маќеа, коментира адвокатот Сашко Дуковски.

Покрај скандалозната одлука на Пајазити за притворите, уште поскандалозно е соопштението на Судот во кое е избришано дејствието за кое постои сомнение и докази дека бандата ја нарушила безбедноста на авиособраќајот на денот на нападот, забележува Дуковски. Според него, Кривичниот совет се дрзнал да оценува фактичка состојба и пишува дека нема докази за делото, а тоа е скандал над скандалите.

Реклама

За дел од групата осомничени што е во бегство,  не само што нема притвори, туку нема никакви мерки, ниту одземање на пасоши освен централени потерници. Останатите четворица периодов нема да патуваат, а Беким Незири може и да продолжи да оди на работи во македонска навигација.

Највисокото тело во правосудство за кое ниту министерот ниту меѓународната заедница им признава легитимност, излезе со штуро соопштение во кое речиси не кажува ништо.

Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите, стои во соопштението на Судски совет.

Откако судот одби притвори за групата на Незири и јавноста реагираше, Кривичниот суд си скоцка соопштение како што му одговара и си го оправда пуштањето дома на Беким Незири од ДУИ и на неговата банда кои направија упад во контролната кула. Според судот, ОЈО не доставило докази, но оттаму одговорија дека обвинителот ги дал на тацна.

Додека судот и обвинителството се кошкаат кој е во право, а кој не, останатите инстиртуции најавија целосна ревизија на менанџменотт во македонска навигација.