Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Експерти: Преговарачката рамка не е Библија и може да се промени

Преговарачката рамка не е Библија и таа може да се промени –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преговарачката рамка не е Библија и таа може да се промени – искуствата покажуваат дека тоа е можно со силна дипломатска битка, децидни се упатените. Рамката за пристапување кон ЕУ која ја има Македонија е резултат на политиката на попустливост и замижување пред македонските вредности, идеи и ставови. Според поранешниот вицепремиер за евроинтеграции – власта во очајнички обиди да го зачува својот рејтинг направи неколку чекори кон ЕУ, за кои, иако погрешни, веруваше дека ќе и ги променат шансите за победа на следни избори.

Македонската дипломатија можеше да направи да имаме далеку подобра преговарачка рамка, да се опстои на нашите ставови, на нашите вредности, идеи, билатералните спорови да не бидат дел од ПР, но беа во очај, и со една стесната свест. Тие мислеа дека ако покажат било какво помрднување кон ЕУ дека тоа ќе им ги промени шансите за победа на избори кои се непостоечки. Влегоа во една лоша авантура која ќе ја чини скапо државата. Дали е можна промена – критично за Македонија е да се осигура, она што се случуваше по декларацијата во Бугарското собрание во 2019  и после овие години каде имаме напад врз идентитетот, безбедноста, итн, како Пендиков итн, имаме лоиша реторика, дека мк јазик не постои, дека народот не постои – сето тоа треба да се сопре. Македонската дипломатија по изборите ќе мора тоа да го промени, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски.

Извршниот директор на Евротинк смета дека постоеле случаи на промена на преговарачки рамки, но во случајот со Македонија неопходен е договор со Бугарија.

Реклама

Постоеле такви случаи, кај нас пробелмот со промената на рамката е потребна согласност. Кај нас, во нашиот случај се работи за еднигласност, и без да се договориме со Бугарија билатерално, да дадат поддршка за промена на преговарачка рамка, не би можело тоа да се случи, вели извршниот директор на Евротинк, Димитар Николовски.

Укинување на Договорот со Бугарија и двата протоколи, наместо обиди да се промени преговарачката рамка, би било уште подобро решение, според поранешниот амбасадор Ристо Никовски. Тогаш, Македонија би имала можност одново да ја започне процедурата за пристапување кон ЕУ, на како што вели ток, демократски и природен начин.

Во Црна Гора 7 пати е реформирана нивната преговарачка рамка, Србија имаше повеќе промени, последно со Договорот од Охрид, Преговарачката рамка не е Библија, и дописничката од Брисел рече дека таа може да се промени, но ако ние покренеме постапка, ќе биде скоро невозможна таа процедура, но, единствен начин, е да се откажеме од Догоговорт со Бугарија и протоколите, со кои ние се закопавме длабоко во земја. Кога ќе се откажат тие апсолутно паѓа во вода и преговарачката рамка, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Преговарачката рамка беше усвоена на лани на 18 јули од Советот на ЕУ. За овој патоказ, неретко експертите коментираат дека условите кои важат за земјите од Западен Балкан се уникатни и ги немало при претходните процеси на проширување.  Тоа пред сè, се однесува на имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија како дел од критериумот од Процесот за стабилизација и асоцијација за добрососедските односи, но и голем дел од дополнителните барања од страна на Бугарија кои сега се составен дел на Заклучоците на Советот на ЕУ.