Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Судот го искасапи КЗ – Селективно читал членови за бандата на Незири да се пушти дома

Кривичниот суд си скоцка соопштение како што му одговара и си го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд си скоцка соопштение како што му одговара и си го оправда пуштањето дома на Беким Незири од ДУИ и на неговата банда кои направија упад во контролната кула. Кој дал амин на ваквата скандалозна одлука преточена и во официјалното соопштение – дали заменикот кој беше дежурен и одлучи да нема притвори, судијата Пајазит Пајазити или претседателот на судот Иван Џолев кој неофицијално деновиве е оправдано отсутен.

Како што стои во Кривичниот законик, освен конкретно уништување и физичка пречка при давање команди на летови, безбедноста може да се наруши и на друг начин. 

Реклама

Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

 (2) Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со кое предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај или ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, ќе се казни со затвор од најмалку пет години, стои во КЗ.

Сепак, „или ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“ го нема никаде во официјалното сооштение, па одлуката за пуштање дома се базира само на другиот дел од членот во Кривичниот законик06. Иако безбедноста на воздушниот сообраќај не може да е услуга, туку мора да се гарантира.

Јавноста бурно реагираше кога обвинителство предложи притвор за бандата напаѓачи, а судот побара дополнителни докази за да го одреди. Притоа во нивното соопштение објаснија нема медицинска документација за повредата на нападнатите, ниту постои доказ за конкретна нарушена безбедност, иако според Кривичниот законик настанот ги попречи услугите на аеродромот за меѓународен воздушен сообраќај.

Магија во правосудните институции не се случува првпат. Покрај судот што самиот си брише кривични дела прошишани во КЗ, Обвинителството направило уште еден кикс во врска со напаѓачите, за случај од пред две години. Дел од бандата и досега ќе беше во затвор, ако обвинителството го побарало тоа.

Имено, еден од напаѓачите, фудбалерот Ерсен Сали, осуден е уште пред две години за тешки дела против безбендоста бидеќи заедно со брат му и уште неколкумина пукале во деловен простор. Иако бил осуден на една година затвор, се жалел, па обвинителот Наум Паноски се согласил на условна.

Паноски последниве години значително напредува, од СЈО во Вишо обвинителство, а од пред Нова, стана и републички обвинител.