Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Македонија во Преспа се откажа, а Грција ја слави античката историја: Мицотакис отвори Палатата каде што бил крунисан Александар Македонски

Додека се чека да исполнат барем нешто од Преспанскиот договор, Грција си…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека се чека да исполнат барем нешто од Преспанскиот договор, Грција си ја слави античката историја, од која Македонија се откажа со потписите на Никола Димитров и Никос Коѕијас во Нивици. Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по 16 години обнова и реставрација беше свечено отворена Палатата на Филип Втори, место каде што бил крунисан за крал Александар Македонски. Во оваа прилика тој реши и зборува за нивната историска величина.

-Филип и Александар, на свој начин биле одлични реформатори. Првиот, суштински еволуирајќи архаично општество во општество со поурбани карактеристики, со заеднички, унифицирани институции. А вториот, создавајќи градови, интегрирајќи големи и разновидни популации во империја со невиден обем, изјави Мицотакис.

Овој споменик кој датира од четрвиот век п.н.е., во Грција го нарекуваат „Партенон на Македонија“. Се простира на површина од околу 15.000 квадратни метри, а од 2007 се работеше на одржување, поправање и реставрација. Неговото повторно отворање Мицотакис го карактеризираше како настан од светско значење и од многу широк меѓунадорен опсег.

Реклама

-Морам да ви кажам дека бев длабоко импресиониран од она што го видов пред малку, бидејќи оваа палата е навистина многу посебно архитектонско дело. Уметничко дело, на два ката, со многу мозаици и фрески кои го отсликуваат гламурот и моќта на Филип, изјави Мицотакис.

Додека Грција се уште нема исполнето речиси ништо од Преспанскиот договор, ние исполнивме се. Дури ни таблите на кои стои ФИРОМ или Скопје, се уште не се променети, со новото име на државата. А покрај промената на името, со цел задоволување на официјална Атина, кај нас беа брусени шахти, се променија имиња на институции, музеи, театри. Од спомениците од античката историја беше избришано дека биле македонски, добија класификација дел од светската историја.

Инаку, за решавање на историските прашања по грчки терк веќе со години постои историска комисија со Грција, за која никој не знае што работи. Не знае ниту премиерот, ниту министерот за надворешни работи. Членовите Никос Чаусидирс, Људмил Спасов, Ана Чупеска, Далибор Јованоски, Фахри Рамадани и Кица Колбе за својот ангажман во ова комисија месечно дибваат по 1.000 евра, додека првиот човек на комисијата Виктор Габер добива 1.200 евра.

Покрај високите плати кои ги добиваат од граѓаните, на членовите на ова тело им се покриени и патни трошоци, но и дневници за секое службено патување, кои од МНР се уште ги кријат. Можеби по спорно од високите надоместоци кои ги земаат овие луѓе се ограничувањата и тајноста на нивната работа. Во договорите, каде покрај нивниот, стои потписот и на Бујар Османи, тие не смеат ништо да кажат за нивната работа.

Матеја Петровски