Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Прилози

Без сериозни институции и конкретни политики 2024 година може биде уште потешка за стопанството

Истоштени, исцедени, револтирани, но сепак со позитивна мисла. Стопанствениците кои важат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истоштени, исцедени, револтирани, но сепак со позитивна мисла. Стопанствениците кои важат за главен двигател на македонската економија, едвај дочекаа да ја испратат 2023 година која речиси по ништо нема да ја паметат во позитивна смисла. Уште неопоравени од пандемијата и енергетската криза, без конкретна поддршка од државата, стопанството живуркаше и ќе продолжи да живурка ако власта и натаму продолжи да ги спроведува актуелните политики кои повеќе наликуваат на популизам, отколку на стратегија за одржлив развој.

Конкретни мерки за поддршка изостанаа, а капак на се беше ударот од т.н. данок на солидарност кој ги уништи плановите за инвестиции на компаниите кои остварија солидни резултати. Ваквите политики, според стопанствениците, во услови на нестабилност, широкораспространета корупција и неефикасна администрација не смее да продолжи.

Во годината на избори, за стопанството ќе биде многу важно да се обезбеди стабилна ликвидност, предвидливост но и конкурентноста надвор без која нема да може да се обезбедат повисоки и одрживи стапки на развој. Клучните предизвици секако ќе бидат во делот на работната сила, која ја има се помалку, но и нелојалната конкуренција која институциите не ја санкционираат:

Реклама

Стопанствениците се надеваат дека 2024-та ќе биде подобра, но за тоа и да стане реалност очекуваат поголема сериозност и од институциите кои треба да бидат сервис на бизнисот. Клучната болка е и сивата економија која според неофицијалните податоци изнесува 30, па дури и 40%. Ако овој тренд продолжи и натаму, можностите за развој на домашната економија ќе бидат повеќе од лимитирани.

За дел од стопанствениците е многу важно да се обезбедат услови и за подобра соработка со странските инвеститори во државава, која е присутна, но од она што се гледа како ефекти засега е далеку од задоволителна.

Според стопанствениците мјогу е важно да има реализација на планираните капитални проекти, но и да се обезбедат услови за поголема продуктивност на работната сила. Затоа сметаат дека е потребно да се подобри нивото на соработката со образовниот процес, во насока на креирање кадри за потребите на домашното стопанство:

Бизнисот по правило не посакува избори оти во периодот на нивното одржување економската активност забавува. Сепак тие се оптимисти дека со сериозни политики и коренити промени состојбите можат да станат подобри. Но дека состојбите бргу ќе се променат, не се преголеми оптимисти, посебно ако не се стави акцент на поголема поддршка на стопанството. Проекциите на трите стопански комори се дека економијата ќе забележи раст од околу 3%, но дури кон средината на 2024-та година.

Борис Грујоски