Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

И во Новата година нови огласи за државно вработување

Власта не спие кога треба да ја полни администрацијата. Десетици институции бараат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта не спие кога треба да ја полни администрацијата. Десетици институции бараат стотици вработени, во првите денови од новата година се објавени нови огласи. Помеѓу празниците отворени позиции објави Владата која бара дури над 60 нови административци, Регулаторната комисија за енергетика вработува тројца, Дирекцијата за заштита и спасување 25 луѓе, Центарот за управување со кризи 28.

Во Новата Година огласи за вработување објавија и Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство, Министерството за финансии, Агенцијата за државни пасишта, Јавното претпријатие за државни патишта и други државни институции. Дури и Агенцијата за вработување ќе вработува, бара 18 административци.

Експертите предупредуваат дека овие враборувања се само предизборен поткуп, со цел власта да собере повеќе гласови пред избори.

Реклама
  • „Веројатно тоа е едно од планираните активности по поглед на предизборието и во поглед на обезбедување на гласачко тело. Меѓутоа тоа не е ништо ново, граѓаните тоа го знаат многу добро и во некои ситуации може да има дури и контра ефект, бидејќи претставува и провокација за останатите граѓани. Сето тоа го гледаат и пред нивните очи тоа се случува“ вели Ѓорги Сламков,поранешен претседател на ДКСК.

Минатата недела огласи за вработување објавија уште десетина други институции, меѓу поголемите е оној во Македоснки шуми каде предизборо се бараат 355 работници. Од нив дури 230 треба да се Албанци, а само 30 Македонци. Потоа 30 Турци, и по некој Влав, Ром, Србин и ставка „други“.

Инаку Министерството за финансии предлага секое министерство, претпријатие, акционерско друштво, агенција, општина сами да го прават планот за вработување, односно повеќе да нема потреба да добиваат дозвола од министерството за финансии. Со таквите измени добар дел од познавачите алармираат дека можно е да колабира ситемот, и дека ќе се загуби и онака слабата контрола за вработување на јавна администрација.

Борис Грујоски