Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Над 2000 претставки стигнале до “Гласен текстилец“ за неисплатен К-15

Над 2000 работници незадоволни од исплатата на регресот за годишен одмор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 2000 работници незадоволни од исплатата на регресот за годишен одмор за минатата година. Толкав е бројот на преставки кои имат пристигнато до штипското здружение Гласен текстилец. Од нив, петстотини се од работници на кои воопшто не им е исплатено К-15, а на сметките на 1420 како регрес за годишен одмор им е исплатено од 500 до 5000денари. Исплатата на ваквите суми се резултат на дупките во законот и дозволуваат работодавачите да манипулираат со бројките.

  • „Таму кадешто има помал износ од 3000 до 1000денари, како што имавме и изминатите години, за жал не може многу да се направи поради тоа што пак ќе кажам Сојузот на синдикати како репрезентативна страна, потписничка на тој колективен договор се уште има оставено отворена врата за злоупотреба дека фирмата работела со загуби и поради истото ќе има исплата помала од таа што е назначена за таа година. За жал таа помала исплата не е утврдена„ изјави Кристина Ампева од Здружението„Гласен текстилец„ од Штип.

Најголемото незадоволство доаѓа од работниците кои работат во секторите градежништо, текстил и во агенциите за обезбедување. Од Гласен текстилец најавија дека од УЈП ќе барат да направи контрола во завршните сметки на фирмите кои пријавиле загуба.

  • „Еве да провериме за ланските фирми кадешто имало наводно спогодба за финансиски потешкотии да побараме од УЈП да се врати една година наназад за да ги види тие загуби. Во март дополнително ќе испратиме и за овие. Некаде работодавачите мислат дека од Бога им е дадено да не исплаќаат К-15, претежно тоа е во Југоисточниот регион, но и во агенциите за обезбедување„ изјави Ампева.

Од Гласен текстилец посочуваат дека имат евидентирано и случаи на исплата на К-15 под минималниот износ во првите денови од јануари. За нив дополнително ќе се утврдува дали е годишен регрес за тековната или за ланската година.

Реклама

Александра Ристевска