Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Прилози

Бесими тврди дека нема да има ново зголемување на функционерските плати, синдикатите со остри реакции

Од март плус 400 евра на сметките на функционерите, доколку нема корекција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од март плус 400 евра на сметките на функционерите, доколку нема корекција на функционерските плати. Синдикатите со остри реакции. Иронично велат, дека ако им се малку парите на функционерите, тие ќе им помогнат.

  • „Срамно, дрско и безобразно за една држава која се задолжува со грдни пари, неколку милијарди е долгот и уште се задолжуваат, а они да си ги покачуваат платите за 400 евра. Ова некого скапо ќе го чини.“ – Изјави Гоце Делчев Тодев од КСОМ.

Синдикатите потсетуваат и дека тие веќе предложиле решение за овој проблем. Линеарно зголемување на платите за сите кои се платени од државниот буџет, од администрација до избрани функционери, а не само за највисоките ешалони на власта.

Оттаму ја посочија и незавидната социјална состојба кај здравствените работници. Велат, новото покачување на функцинерските плати, за оние кои се грижат за здравјето на граѓаните, се цели месечни примања.

Реклама
  • „На елитатата која си ја зголеми платата над 400 евра, само да им напоменам, дека медицинската сестра, која се грижи за нивното здравје, се грижи за здравјето на нивните деца, има месечни примања од 24.000 денари до 25.000 денари. Благајникот, сметководителот, административниот работник, кој што работи во клинички центар или во здравствен дом Скопје, зема и помала плата од оваа“ – Изјави Боби Бојчевски од синдикатот на здравствени работници.

Тој додава дека работниците во здравството едвај врзуваат крај со крај, поради што, бараат линеарно покачување примањата на сите во секторот.

Во меѓувреме, Министерот за финансии, Фатмир Бесими, тврди дека тој и неговите колеги од владата годинава нема да земат повисоки плати.

  • „Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024. Тоа е одраз на политиката што ја најави Владата дека ќе има законски интервенции тоа да не се случи во 2024. Дополнително зголемување во однос на 2023 нема да има“ – Изјави министерот за Финансии, Фатмир Бесими.

Засега е нејасно како Бесими ќе ја спроведе оваа заложба, имајќи во предвид дека ќе треба да го прекрши законот и одлуката на уставниот суд. Синдикатите пак категорични. Велат, ако владата не преземе ништо околу неконтролираното покачување на функционертските плати и крајно ниските примања на работниците, повторно ќе излезат на протести и ќе го блокираат главниот град.

Никола Цветкоски