Реклама
Прилози

Бесими: Нема да има нов тендер за „Чебрен“ пред избори

Откако пропадна и 14-тиот тендер за изградба на ХЕЦ „Чебрен“, нов барем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако пропадна и 14-тиот тендер за изградба на ХЕЦ „Чебрен“, нов барем за сега, пред избори, нема да има, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Во однос на дилемите дали да се гради со наши пари или преку доделување концесија на странски инвеститор, министерот рече дека за двете ситуации има аргументи и за и против. Сега,  според Бесими,  и големите инвеститори би чекале почиста ситуација за изградба на „историската“ хидроелектрана „Чебрен“.

  • За овој проект е дискутирано на Влада. Тој е дел од стратегијата за енергетика и постапено е од страна на Владата во согласност со тие стратешки документи. Кога повторно ќе се распише, ќе се оцени во однос на следните чекори, а веројатно сега пред избори, оваа година, не е толку реалистички да се ветува дека ќе стигнеме да објавиме оглас. Дури и тие поголеми инвеститори, веројатно, во период на избори ќе чекаат следна фаза за да се пријават“, рече министерот Бесими.

Која е причината зошто  не е активирана банкарската гаранција од Владата немаа објаснување. Сега, велат, ќе се чекало подобро време. Во однос, пак на дилемите во јавноста дека ќе се изгуби енергетската самостојност, Бесими рече дека националниот интерес е јасно определен во Уставот и во законите и дека не треба да стравуваме од странски инвеститори.

  • Во нашите закони е јасно што е национален интерес. Битно е да се реализира тој проект“, рече Бесими додавајќи дека пред 20 години и денес енергетиката е различна од геостратегиски интерес, а за 20 години ќе биде уште поразлична имајќи ги предвид технолошките промени.

Пропаѓањето на тендерот без да се знае зошто се откажа грчкото електростопанство отвора еден куп дилеми и простор за шпекулации.

Реклама

Енергетските експерти по кој знае кој пат реагираат дека проектот е штетен, односно лошо е да се даваат македонските води на странски инвеститори. Тие затоа алармираа веќе три месеци нананзад откако беше одбрана компанијата.

Хидроелектраната „Чебрен“ требаше да ја гради грчки „Архиродон“. Проектот требаше да тежи 1 милијарда едвра, а грчкото електростопанство ќе управуваше со „Чебрен“ и „Тиквеш“ дури 60 години.