Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Полицијата завршила се за убиството на Вања: 21 ден откако Спасовски го „затвори“ случајот, ОЈО велат уште се прибираат докази

Се уште нема обвинение за двојното убиство, на малата Вања и велешанецот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште нема обвинение за двојното убиство, на малата Вања и велешанецот Панче Жежовски, иако поминаа дури 21 ден откако Оливер Спасовски реши пред камери да се фали дека целосно го расветлиле случајот. Министерот се фалеше, иако обдукциите, кои што се едни од клучните докази – уште не беа ни блиску до завршени.

Уште на петти декември беше јасно дека ќе треба да се прибираат уште многу докази за воопшто да има обвинение, но сепак Спасовски, со фотографија во раката од фатениот во Турција Љупчо Палевски, реши да каже дека веќе станувало збор за разрешен случај. Сега вели не бил случајот целосно разрешен, туку тие како полиција си ја завршиле својата работа и веќе немаат ништо со двојното убиство, објаснувајќи се дека тоа го кажал и пред 21 ден. Дали МВР повторно ќе има нешто со овој случај зависело од Обвинителството.

-Случајот од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен во целост, за сите други детали од истрагата ќе се обратите во Обвинителството и сите овие аспекти кои што ве интересираат ќе ги добиете… Нашата работа е комплетирана во целост, доколку се процени да се проширува истрагата или да се добиваат други барања или насоки од Обвинителството, МВР е тука да постапува, вели Спасовски.

Реклама

А кога ќе има обвинение останува непознато. Од ОЈО велат дека се уште се прибираат докази. А обдукцијата чиј извештај го добија пред помалку од една недела, била само еден од доказите.

-Обвинение може да се очекува кога ќе заврши истрагата. Обдукцискиот наод е само еден доказ во постапката, велат од ОЈО.

Го прашавме Спасовски дали полицијата ги прегледала снимките од Сејф Сити, односно каде низ Скопје можеби се движело возилото, министерот пак не испрати кај Обвинителството. Министерот и пред неколку дена не сакаше да одговори што точно презела полицијата, откако на 24-ти ноември ќерката на Жежовски пријавила дека татко и, но и неговиот автомобил ги нема два дена претходно. Дали возилото е фатено на камерите од Сејф сити од 24-ти до 27-ми ноември, дали полицијата тие денови трагала по Цитроенот, каде се се движело возилото и дали групата осомничени и претходно имале намера да ја киднапираат Вања? Низа прашања остануваат неодговорени, но Спасовски е на ставот дека полицијата си ја завршила својата работа.

Матеја Петровски